Шкотскиот парламент го одби законот за асистирана евтаназија

Date:

Share post:

Шкотскиот парламент го отфрли предлог-законот за легализација на асистирано самоубиство, по повеќечасовна и емотивна расправа, во која мнозинството пратеници се изјаснија против.

Предлогот „Assisted Dying for Terminally Ill Adults (Scotland) Bill“, поднесен од пратеникот Лијам Мекартур, предвидуваше терминално болни и ментално неспособни возрасни лица да можат да добијат медицинска помош за да го завршат својот живот. По години дебати и измени, пратениците гласаа со 69 гласа против и 57 за, додека еден беше воздржан.

Мекартур по гласањето изјави дека е „длабоко разочаран“, но оцени дека прашањето ќе остане актуелно војавната дебата.

Одлуката беше поздравена од противниците на законот, меѓу кои и христијански организации. Претставници на „The Christian Institute“, како и други верски и општествени групи, предупредија дека ваквото законодавство носи ризици за најранливите категории граѓани и може да доведе до злоупотреби.

Модераторот на Слободната црква на Шкотска, свештеникот Аласдер Маклеод, изјави дека одлуката потврдува дека секој човечки живот има вредност и заслужува заштита, нагласувајќи дека општеството треба да се насочи кон грижа за болните и страдалните. Слични ставови изразија и други организации и експерти, кои повикаа на подобрување на палијативната нега како алтернатива, наместо легализација на асистирано самоубиство.

Поддржувачите на законот, пак, нагласуваа дека предлогот бил внимателно формулиран и со вградени заштитни механизми, но дел од пратениците во текот на процесот ја промениле својата позиција, изразувајќи загриженост за можни притисоци врз ранливи лица и недоволни гаранции.

Во дебатата беа вклучени и лични сведоштва на пратеници поврзани со болести и загуби во нивните семејства, што дополнително ја нагласи тежината на одлуката.

Против законот се изјаснија и неколку водечки политички фигури, меѓу кои лидерите на главните партии во Шкотска.

Предлог-законот имаше поддршка од дел од либералдемократите, зелените и други пратеници, но тоа не беше доволно за негово усвојување.

Во текот на расправата, како клучни прашања се издвојуваа недостатокот на доволни заштитни механизми, ризикот од злоупотреба и потенцијалното влијание врз лица со инвалидитет и тешки заболувања.

Со ова гласање, прашањето за асистирано самоубиство во Шкотска засега се затвора, при што повеќе учесници во дебатата оценија дека вниманието треба да се насочи кон развој на квалитетна и достапна палијативна грижа за сите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img