Почетна Вести Шефот на Малтешкиот витешки ред поднесе оставка, поради конфликт во папата
Шефот на Малтешкиот витешки ред поднесе оставка, поради конфликт во папата

Шефот на Малтешкиот витешки ред поднесе оставка, поради конфликт во папата

239
0

Еден месец по судирот меѓу Суверениот малтешки ред и Светата столица, Големиот мајстор фра Метју Фестинг се согласи да поднесе оставка по барањето на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, соопшти оваа организација во средата.

„Во вторникот попладнето Големиот мајстор беше примен од папата кој побара од него да поднесе оставка. Големиот мајстор се согласи“, истакнуваат од малтешкиот ред.

Метју Фестинг кој во принцип е именуван доживотно, уште мора да го собере својот Суверен совет за оставката да биде потврдена.

Фестинг, роден во 1949 година, е Британец, син на Френсис Фестинг кој е фелдмаршал и началник на кралскиот Генералштаб на Велика Британија од 1958 до 1961 година.
Големиот мајстор е потомок на припадници на Малтешкиот ред на блажениот Адриан Фортескју, маченик од 1539 година.
Неговото Високопреосвештенство Височество или 79‐от Кнез и Голем мајстор на Суверениот воен ред на гостопримливите Свети Јован Ерусалимски, Родос и Малта, како што гласи целата титула на Метју Фестинг, на оваа позиција дојде во 2008 година.

Судирот меѓу Ватикан и Малтешкиот ред, според коментаторите кои ги следат случувањата во Светата столица, претставува судир меѓу црковните либерали и конзервативците.

popeТој и буквално се разгоре минатиот месец кога папата Франциск именуваше петчлен совет за да ги испита околностите на смената на третиот ред на Малтешкиот ред, Германецот Албрехт Фрајхер фон Бузелагер, односно главен канцелар на редот од 2014 до 2016 година.

Малтешкиот ред одби да соработува, порачувајќи му на папата дека неговото сменување е интерна работа на организацијата.

Фон Бузелагер наводно е сменет откако дозволил Малтешкиот ред да учествува во програми за делење на бесплатни кондоми со цел да се спречи ширењето на СИДА‐та.

Конзервативците велат користењето на кондомите ја крши црковната поука, но папата Франциск, како и неговиот германски претходник Бенедикт Шеснаесетти, велеа дека неговото користење може да се оправда во контекстот на борбата против ширењето на СИДА‐та.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *