Почетна Вера Семејството Јанкоски од Ростуше доби парична помош од иселеник во Сиднеј
Семејството Јанкоски од Ростуше доби парична помош од иселеник во Сиднеј

Семејството Јанкоски од Ростуше доби парична помош од иселеник во Сиднеј

1.86K
0

Oткако на интернет страница на Бигорскиот манастир, bigorski.org.mk беше објавен апел за помош на семејството Јанкоски од с. Ростуше, чија куќа изгоре до темел, денеска игуменот Партениј, лично врачи паричната помош во вредност од 2.000 австралиски долари, подарена од иселеник во Сиднеј,  Австралија, соопштува Бигорското братство.

бигорски 1Средствата до манастирот биле донесени преку епархискиот секретар на дебарско-кичевската епархија, отец Никола Христоски, кој минатиот месец го придружувал митрополитот г. Тимотеј, при неговата работна посета на Австралиско-сиднејската епархија.

Во меѓувреме, братството и верниците што престојуваат во манастирот, сè уште усрдно помагаат со физичка сила да се обнови опожарената куќа во Ростуше.

Семејството Јанкоски, како и Бигорското монашко братство ја искажуваат својата срдечна благодарност на дарителот од Сиднеј,  и на сите што на било каков начин помогнале да се надмине оваа несреќа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *