Патријархот Московски и на цела Русикjа Кирил, со необична агенда вчера ја почна посетата на Грција.
На аерoдромот во Солун, откако беше пречекан од грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис и министерот за Македонија и Тракија Марија Колиа-Царуха, на кусата средба со нив пред заминувањето на Света Гора, грчките државни власти во разговорот го наметнале проблемот кој Грција го има со уставно име на Македонија.
Грчката министерка на важниот гостин од Русија му направила, како што самата изјавил, анализа за името Македонија и неговата злоупотреба од грчкиот северен сосед.
– Му направив мала анализа за проблемот со името на Македонија и неговата злоупотреба од северните соседи во Скопје, за кое изгледаше како да знае и од она што го кажа Македонија и Тракија се во добри раце – изјави грчката министерка Марија Колиа Царуха.

