Почетна Вести Рускиот патријарх верува во обединување на христијаните
Рускиот патријарх верува во обединување на христијаните

Рускиот патријарх верува во обединување на христијаните

493
0

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил верува во обединувањето на христијаните од различни цркви во иднина.

„Денеска сме сѐ уште поделени, затоа што богословските проблеми кои ни дојдоа од минатото, не ни даваат можност да се обединиме“, изјави патријархот во неделата во соборниот храм Христос Спасител, каде богослужеше пред моштите на Никола Чудотворец кои првпат во историјата беа донесени од Италија.

Како што истакна патријархот, обединувањето на христијаните може да се случи „не по нивните напори, по некакви црковно-дипломатски чекори, богословски спогодби, туку само ако Светиот Дух повторно ги обедини сите кои го проповедаат името Христово“.

„Веруваме дека свети Никола, кој ги слуша молитвите на христијаните од Исток и Запад, стои пред Господа, и меѓу другото, бара од него обединување на Црквите во една“, изјави тој.

„Бог да ги чува и да им помага во минувањето на тешките историски патишта на христијаните на Истокот и Западот“, додаде патријархот.

Поделбата на Црквата на Римокатоличка црква на Запад со центар во Рим и на Православна на Исток со центар во Константинопол се случи во 1054 година. Расколот не е надминат до ден-денешен.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *