„Го поздравувам развојот на односите меѓу Универзитетот во Скопје со Духовната академија во Москва и Санкт Петербург. Нашата духовна академија сега се здобива и со државно признание, акредитација. Тоа во голема мера ќе ја олесни соработката со Државниот универзитет во Скопје“.
– Ова го истакна Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, за време на средбата со Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во чија придружба беа и Неговото Преосвештенство, епископот хераклејски г. Климент, како и деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, што се одржа спроти празникот на сесловенските учители и просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на 23 мај 2017 година во Москва.
Патријархот притоа го истакнал високото ниво на односите со Република Македонија во областа на образованието, уште повеќе имајќи предвид дека неколку Македонци досега имаат студирано при просветните теолошки институции во Русија, каде веќе се здобиле со високо богословско образование

