Почетна Вести Рускиот Патријарх категоричен: Никогаш нема да дозволиме независна црква во Украина
Рускиот Патријарх категоричен: Никогаш нема да дозволиме независна црква во Украина

Рускиот Патријарх категоричен: Никогаш нема да дозволиме независна црква во Украина

167
1

Рускиот Патријарх Кирил му одговори на претседателот на украинската Рада, Андреј Парубиј, многу директно и јасно, дека никогаш нема да дозволи создавање на независна Украинска црква.

Во говорот за својот јубилеен 70-ти роденден, Московскиот и на цела Русија Патријарх, недвосмислено порача дека Московската Патријаршија нема да ја дозволи независноста на Украинската црква.

-Нашата Црква никогаш нема да ги остави во беда своите собраќа во Украина и нема да се откаже од нив. Ние никогаш нема да се согласиме да се променат светите канонски граници на нашата Црква. Затоа што Киев е духовна лулка на Света Русија, како што е Мацхета за Грузија, или Косово за Србија, изјавил Рускиот Патријарх Кирил.

Оваа изјава на Кирил доаѓа по средбата на Претседателот на Украинскиот парламент цо Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, по која Парубиј изјави дека разговарале за воспоставување и признавање на автокефална Украинска православнKiril Patrijarhедба и претходеше писмо од Украинската Рада, во кое се бараше признавање на Киевската Патријаршија, иницијатива која Вселенскиот патријарх Вартоломеј не ја отфрли, туку ја проследи во понатамошна процедура.

Прашањето за статусот на Украинската православна црква стана центар на внимание по руската анексија на Крим.

Според истражувањето од 2015 година над 40% од Украинците се декларираат како припадници на непризнената Киевска Патријарпија, а само 21% како дел од црквата на Московската Патријаршија во Киев.

Коментар(1)

  1. Ne se znae dali e ova izjava na Ruskiot patrijarh izrecena vo vremeto na posetata na Srpskiot patrijarh po povod negoviot 70 rodenden. No za ocekuvanje e takva izjava da se cue i od Srpskiot patrijarh po prasanjeto za Makedonskata crkva. Epa sega Makedonskite vladici neka ocekuvaat Ruskiot patrujarh da posreduva kaj Srpskiot za povolen ishod za avtokefalnosta na MPC.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *