Почетна Вести Рускиот патријарх Алексеј II оставил 4,5 милиони долари наследство на една монахиња
Рускиот патријарх Алексеј II оставил 4,5 милиони долари наследство на една монахиња

Рускиот патријарх Алексеј II оставил 4,5 милиони долари наследство на една монахиња

582
0

Пред неколку дена Арбитражниот суд на Москва откри дека во банкротираната руска надворешноекономска-индустриска банка (Внешпромбанк) има сметка на покојниот руски патријарх Алексиј ΙΙ, (кој беше на чело на РПЦ од 1990 до 2008 година) во износ од 4,5 милиони долари.

RUSSIAN PATRIARCH ALEXIY II PRAYS IN BELGRADEКако наследничка на овие средства во тестаментот е наведена Игуманијата Пјухтицкискиот манастир (во Естонија) Филарета (Александра Смирнова), која руските медиуми ја дефинираат како “најблискиот соработник” на Алексиј ΙΙ од 60-тите години на минатиот век. Од 1966 година калуѓерка Филарета станува економ на патријархот и останува таму до крајот на неговиот живот. Во 1976 година тогаш се уште Митрополит Алексиј составува свој тестамент, според кој целото имот го остава на монахињата Филарета.

Филарета од 2008 го има владението врз сопственост на своето наследство, така што нема прецизност каков бил оригиналниот износ на заштеди на поранешниот поглавар на Московската патријаршија.

Медиумите за наследството на покојниот патријарх дознале од листите на арбитражниот суд, кои содржат информации за 11 191 жалител кои сакаат обновување на своите средства од банкротираната банка на вкупен износ од 226,4 милијарди рубљи, додека тековните средства на банката се проценуваат на 36,5 милијарди рубљи. По одземањето на дозволата на банката веќе 80-годишната игуманија поднела тужба во судот да биде вклучена во списокот на доверителите на банката, за да добие назад барем дел од овие средства.

Инаку во руската јавност коментарите за оваа информација, која се совпадна со годишнината од смртта на патријархот, се контрадикторни. Тие се движат од огорченост дека поглаварот на Руската црква има свој личен влог со толку голем износ, без да се знае потеклото на овие средства, до објаснувања на овој факт со условите во кои дејствувала Православната црква во советскиот период, кога ниту Патријаршијата, ниту епархиите и парохиите имале право да дејствуваат како правни лица.

Досега нема официјална реакција од страна на прес-службата на Московската Патријаршија, ниту од калуѓерката Филарета, кој исто така живее во Москва.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *