Руската православна црква воведува молитва против абортус: Целта е да ги „вразуми“ жените

Date:

Share post:

Руската православна црква објави дека ќе воведе посебна молитва посветена на „вразумување“ на жените кои планираат абортус. Одлуката ја донесе Светиот синод, а текстот на молитвата треба да биде финализиран до 1 декември оваа година.

Иницијативата дојде од Патријаршиската комисија за семејни работи, заштита на мајчинството и детството, која предложи воведување на „посебна молитва за спречување на убиство на деца во утробата“.

Во официјалниот документ се наведува: „Претседателот на Патријаршиската комисија за семејни работи, заштита на мајчинството и детството, свештеникот Феодор Лукјанов, откако ги проучи апелите упатени до претседателот на Руската православна црква, презентираше предлог за создавање посебна молитва за спречување на убиство на деца во утробата“.

Синодалната литургиска комисија е одговорна за изготвување на текстот, која треба да ја подготви конечната верзија на молитвата до наведениот рок. Целта на молитвата, како што се наведува, е да ги „одврати жените од извршување на убиство на дете во утробата“.

Според одлуката на Синодот, молитвата ќе се чита секоја година на 11 јануари, по светата Литургија, на денот на сеќавањето на 14.000 момчиња од Витлеем убиени по наредба на кралот Ирод. Во други прилики, ќе може да се моли според одлуката на парохискиот свештеник или по барање на верниците.

Одлуката на Синодот дојде кратко откако митрополитот Томски и Асиновски Ростислав го привлече вниманието на јавноста со совети до Русите кои извршиле прељуба. Според порталот Инфо24, тој рекол дека мажот не треба да ѝ признава неверство на својата сопруга ако тоа може да „го уништи семејството“.

Наместо тоа, како што додава истиот извор, митрополитот препорачал да се покаат за гревот за време на исповед.

/кајгана.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Киев: Манастирот „Св. Јона“ оштетен од руски ракети

Манастирската црква на Света Троица во манастирот „Св. Јона“ во Киев претрпе оштетувања поради ноќниот ракетен напад, објави...

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...