Почетна Вести РПЦ: Не зборуваме за црковно, туку за христијанско единство меѓу Католиците и Православните
РПЦ: Не зборуваме за црковно, туку за христијанско единство меѓу Католиците и Православните

РПЦ: Не зборуваме за црковно, туку за христијанско единство меѓу Католиците и Православните

178
0

Средбата на Папата Франциск и Рускиот патријарх Кирил има историска важност и таа средба е невиден настан, но би било наивно ако се констатира дека со таа средба, принципиелните разлики меѓу Православната Црква и Католичката Црква веќе се минато. Тоа треба многу добро да се разбере во Москва и во Ватикан, особено во Москва.

На овој начин, за РИА новости, ги прокоментирал анализите што во светските медиуми се актуелни се уште по средбата на Франциск и Кирил, Егоревскиот епископ Тихон, шеф на одделот за Култура на Московската патријаршија.

-Да и погледнеме на вистината в очите: илјада години нашите идејни и догматски разлики со католиците на дело поминуваа во граѓанска, државна и општествена конфронтација. Но, се разбира нема ништо подобро од мирот. Ние сме приврзани кон тоа и искрено сме подготвени за тоа. И секако по тој пат се движи и Патријархот Кирил. А што се однесува до обединувањето, за кое вие поменувате… Тоа се разбира е возможно, но не на сметка на вистината, не на сметка на компромис во делата на нашата вера и исповеданието на Православието: Затоа што се однесува до црковното обединување, тоа прашање воопшто и не се поставува.

-А за какво тогаш единство може да се зборува?

-Во прво време не обединува нашата христијанска цивилизација. Затоа верниот пат на нашето заедничко служење и најплодотворната соработка е во хуманитарната сфера. Основните христијански вредности во културата, семејството, односите кон човекот како кон божји образ, потоа моралните вредности – тоа се заедничкото меѓу нас. Сето тоа треба да се промени во современиот свет. Не смее да се дозволи, не само исчезнување, туку и извртување на христијанските вредности, морал и култура – тоа е наша заедничка цел.

Ние треба заеднички да ја зачуваме Христијанска Европа. Ако сега не вложиме заеднички напори, сакам да подвлечам – заедничките напори се исклучително важни, Европа не само што ќе го изгуби својот христијански идентитет, туку и ќе замина во некоја своја спротивност, изјавил Епископот на Руската православна црква, Тихон во интервјуто за РИА Новости.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *