Романската црква гo одбележа споменот на жртвите на комунистичкиот режим

Date:

Share post:

На 9 март Романската православна црква го празнува споменот на Четириесетте маченици од Севастија, а истовремено го одбележува и Денот на сеќавање на политичките затвореници кои страдале под комунистичкиот режим во периодот од 1944 до 1989 година.

На овој ден Црквата и верниците се повикуваат да се сетат на Романците кои му се спротивставиле на тоталитарниот комунистички режим и ја сведочеле православната вера во услови на наметнат атеизам. Многумина од нив биле затворани во логори и затвори, каде претрпеле тешки страдања, а некои го положиле и својот живот.

Романската патријаршија ја прогласи 2026 година за Година на пастирската грижа за христијанското семејство и комеморативна година на светите жени од календарот — мироносици, маченици, монахињи, сопруги и мајки.

Во овој контекст, на 6 февруари 2026 година Црквата ја објави канонизацијата на шеснаесет романски свети жени.

Меѓу нив се и света Евлогија од Самуркашешти, која починала на 19 декември 1949 година откако била брутално претепана од комунисти поради проповедањето на христијанската вера, како и света Бландина од Јаши, која претрпела повеќе од петнаесет години депортација во Сибир за време на советската власт во Бесарабија.

На овој ден во црквите се вознесуваат молитви за упокојување на душите на сите Романци кои страдале и го положиле својот живот за Христос, останувајќи верни на христијанската

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img