Почетна Политичка теологија Реакција на Епископот Јаков – Судете ме слободно за вистината што ја зборувам
Реакција на Епископот Јаков – Судете ме слободно за вистината што ја зборувам

Реакција на Епископот Јаков – Судете ме слободно за вистината што ја зборувам

3.28K
1

Стобискиот епископ Јаков одговори на одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација, сокоја беше прозван за извинување бидејќи неговите јавни настапи биле дискриминрачки кон трансродовите лица.

Реакцијата вопродлжение во целост:

Неодама добив претставка од Квир Центарот во Скопје, порано познат како Субверзивен фронт, обвинувајќи ме дека сум извршил говор на омраза и насилство врз трансродовите лица со тоа што на моето гостување во емисијата Детектор, каде се дебатираше за Законот за родова еднаквост, искажав ставови кои ги потврдуваат врвни светски стручи лица, доктори, психолози и психијатри – дека за некој да биде трансродов, треба да биде дијагностициран со патолошката состојба наречена родова дисфорија или растројство на родовиот идентитет. Се разбира, јас веднаш одговорив на таквите обвинувања и испратив детален одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во кој понудив линкови од светски реномирани медиуми, прирачници за психијатри, изјави од доктори и психолози, кои ги потврдуваат изнесените ставови. Воедно, во мојот одговор поднесов и линк од веб-сајтот на подносителот на претставката, Субверзивен фронт, каде самите тие велат дека „транссексуалните личности се луѓе кои патат од она што во медицината се нарекува родова дисфорија“ и дека тоа е „медицинска состојба“.

Иако во самата емисија јас бев доста јасен и концизен дека Црквата го љуби секој човек, без разлика колку и да е грешен, и дека на секој што страда треба да му се помогне, и иако во одговорот образложив дека насилство може да се смета тоа што подносителот на претставката сака да го смени природниот ред и општоприфатениот установен начин на однесување со тоа што сакаат да прифатиме дека маж може да стане жена и да се натпреварува во сите општествени сфери со жените, Комисијата реши дека јас сум ги повредил чувствата на, како што вели Ирена Цветковиќ, помалку од 100 трансродови лица, и тие се чувствувале многу вознемирени. Колку вознемирени биле и како ја оцениле вознемиреноста, тоа не знаеме.

По некои недефинирани правила, Комисијата решила на оваа претставка да припои уште една претставка, овојпат од Коалиција Маргини, која е доставена до Комисијата месец дена после првата, притоа без воопшто да ме известат за истата и без да ми дадат легитимно законско право да одговорам.

Внимавајте, ми испраќаат претставка за искажани ставови по однос на родот и родовиот иденетитет, нешто што не постои во нашите закони, кое не е ниту дефинирано ниту правно признато. И не само тоа, туку и наведуваат дека сум дел од некаква мобилизација против родовата еднаквост и ЛГБТИ правата која е финансирана од САД, дека мене некој ме плаќа за да си го љубам народот и децата. Патем, тие обвинуваат, а докази, се разбира немаат доставено зашто не постојат. Наведуваат дека родовата дисфорија е депатологизирана и ставена во „состојби поврзани со сексуалното здравје“, а намерно изоставаат да кажат дека депатологизација не може да се изврши кога сè уште стои во класификација за болести и сродни здравствени проблеми и самиот збор „состојба“ на англиски значи – здравствен проблем.

Сите овие документи ќе бидат јавно објавени, за да видите со какви лаги, манипулации, извртувања и малициозност се служат, само за да ги заплашат, да ги уценат и да ги замолчат оние со здрав разум, кои имаат свои ставови. Произволни толкувања на членови, поддршка на педофилија, омаловажување на жените, цензура на слободниот говор… тоа е она што може да се забележи дека Комисијата поддржува.

Ова е правна шарада која е недозволива, но сега е озаконета со законот за недискриминација кој ги дава првите плодови на злото што се подготвува за сите нас. Оваа тоталитаристичка одлука е во духот токму на оној Секретаријат што се планира со предлог-Законот за родова еднаквост, за кој цело време предупредувам, а кој ќе биде со далеку поголеми ингеренции од оние на оваа ситна и мала Комисија. Тој Секретаријат ќе ја има улогата и на тужител и на судија и на казнен извршител, така што може да замислите каква правда ќе се дели дури тогаш – исто тело ве обвинува, ви пресудува и ве казнува. Тогаш и „1000 стапа“ ќе бидат малку за жртвата што ќе падне во рацете на Секретаријатот.

Во Законот за заштита од дискриминација има член кој товарот на докажување го префрла на тужениот. Ова е таа „демократска придобивка“, каде пресумпцијата за невиност е згазена и избришана со единствена цел, сите да се држат во постојан страв од поднесување на претставки и замолчување на секој оној што ќе се осуди да каже нешто што нема да им се допадне на членовите на комисијата. Сосема истиот член се предлага и во Законот за родова еднаквост!

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на крајот ми ПРЕПОРАЧУВА дека во рок од 30 дена треба да се извинам за стореното „злосторство“ и ми наметнува казна, повторно во форма на дискриминирачка препорака, да се воздржувам од јавни настапи во кои ќе говорам за родовиот идентиет, што тука ги вклучува и моите јавни настапи на прес конференции и гостувања во ТВ емисии токму во овие денови пред протестот. Во спротивно, оваа т.н. Комисија за спречување и заштита од дискриминација ми се заканува со покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд.

Јас би сакал топло да ѝ се заблагодарам на Комисијата за трудот да состават вакво капитално дело, прво од ваков вид упатено кон владика кој не ги застапува нивните родово-идеолошки ставови. Исто така, голема благодарност и за препораките да замолчам и да се извинам… но, и јас им испраќам топол поздрав од мене и ги известувам дека нивните препораки не се прифаќаат, и дека сум подготвен да бидам суден, но и на многу повеќе, за тоа што сум ја говорел и исповедал Вистината.

Се гледаме на протест во четврток!

Коментар(1)

  1. Секако ја поздравувам Вашата борба против таа мимикрија, против законот со измамлив наслов: ‘закон за родова еднаквост’. Но време е да позборуваме на оваа тема со вистинскиот речник на Црквата, а не со речникот на немоќната медицина. Кога еден маж се чувствува како жена (или обратно), се работи за еден од многуте видови на демоноопседнатост. Аскетиката во нејзиниот домен на ‘разликување на духовите’ знае и за типови на наследност во демоноопседнатоста. И телото на човекот и неговите органи се само материјален израз на неговото генетско духовно наследство (во кое може да учествува духовната конфигурација дури и на поголем дел од семејното стебло) или просто искуствено (новостекнато, лично) духовно наследство. Секако, современиот човек (секој кој е далеку од христијанскиот духовен подвиг, оној кој не ја ни знае азбуката на духовниот живот) природно се плаши од поимот ‘демоноопседнатост’. Но, работата е проста: гревот (а камоли она што го нарекуваме трајна перверзност) не е никаква медицинска состојба, никаква игра на случајот на комбинација од хромозоми или подоцна некојси хормонски статус. Гревот си е духовно промашување. Медицината знае за човечки тела со надворешни машки гениталии
    истовремено со внатрешни скриени женски гениталии кај една иста личност, но факт е дека и таму се работи за духовно наследство. Материјата е сепак само состојба на енергијата. И на крајот на краиштата: тоа треба да биде една радосна вест! Трансродовиот биолошки или емоционален или сеедно како наречен “капитал” е духовно излечлива состојба. Не медицински, хирушки или со некој вид фармацевтски третман – никако! За тоа има безброј современи сведоштва кај сите лица кои се подложиле на неколку последователни операции на промена на полот итн. А тие докази на Црквата не И’ се ни потребни. Ние добро знаеме како се лекува демоноопседнатоста, не е тоа некоја непозната проблематика. Нашата вистинска мисија мора да продолжи со христијански, наместо со граѓански пароли. Нам ни е јасно дека со искрено покајание, со трпелив духовен подвиг на самоодрекување и под раководство на опитен духовен отец, секој порок исчезнува како непотребна шега. Ние знаеме на пример што вели Апостолот Павле за мажеложништвото, и за меѓусебното телесно општење на жените итн. и кога еден народ е во опасност од таа напаст (Рим. 1, 23 – 32). Наша задача е да му го посведочиме ова откровение на современото граѓанско општество, особено на хомосексуалците и на трансродовите лица. Не толку во вид на укор, колку во вид на соочување со вистината за нив, првенствено како смирено соочување со Господ. И нив (како и сите нас од нашите сеедно какви слабости) само Вистината може да ги ослободи од духот кој ги заробува во лажното самочувство на самоидентификување со спротивниот биолошки пол кое впрочем им креира жални последици. Ако Римокатоличката Црква или протестантските заедници на Запад коишто во огромни размери во нивните општества се соочуваат со овој проблем немаат забележливи успеси на исцелување на хомосексуалноста кај лица кои се декларираат како нивни членови (или ако дури и не воспоставиле услови за нивен правилен духовен подвиг), не значи дека Православието тоа не го може. Кога веќе со таква безочност најголемите незнајковци од човештвото (секуларните невладини организации) се самонарекоа носители на решенија во оваа пред се’ духовна сфера од интимниот живот на сите членови на човечкото општество, време е да им го покажеме местото (нивната улога секако не може да биде водечка по ова прашање), да си ги засукаме ракавите и да ја примениме терапијата таму каде што се болките (имено, кај луѓето кои страдаат од овој вид духовно нарушување). Господ е голем и има лек за секого. Но, најпрво секој мора да се соочи со вистината за себе. Од таткото на лагата, од ѓаволот, ниту од лагата и измамата како негови плодови, не може да се очекува никакво добро. Затоа овие т. н. закони за озаконување на самоизмамата и на беззаконието не може никогаш и никаде да важат. Ниеден човек не може да се сведе себеси на биолошка маса во хаотична похотна состојба. Животот не е глорификација на мајсторството на ѓаволот над кутри човечки суштества, туку шанса да го изиграме вешто издигнувајќи се над неговите невкусни стапици.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *