Независниот кандидат за градоначалник на Скооје, професор Александар Рашковиќ и носителката на неговата советнилка листа Никица Милевска денеска имаа средба со жителите на Аеродром пред Трговскиот центар Бисер.
Двајцата велат дека размениле доста идеи со граѓаните околу најзначајните приоритети за општина Аеродром.
Рашковиќ, чија кандидатура ја поддша ТМРО, вели дека по победата на локалните избори, општина Аеродром треба да биде општина гордост за Градот Скопје.
-Доколку победиме, јас како градоначалник на Скопје, со мојата листа на советници, ќе ја направиме општина Аердором гордост на Градот Скопје. Првенствено ќе ја исчистиме, а потоа ќи реализираме нашите идеи, вели Рашковиќ.

