
Прва средба на Архиепископот Стефан со директорот на КОВЗРГ Сотировски
Македонската православна црква ги поддржува иницијативите на новиот директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски за унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија.
На правата средба што Сотировски ја имал со Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан биле поздравени иницијативите и заложбите за внесување нов дух во меѓуконфесионалните односи во Македонија, како и поддршката на МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува.
-Покрај срдечните честитки за изборот на новиот директор Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан ги истакна своите искрени желби за успешна работа и поддршка за сите идни заложби на новиот директор во интерес на унапредување на соработката и довербата меѓу верските заедници во Македонија, како и зголемена грижа за потребите на Македонската Православна Црква и сите нејзини верници. Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски ја истакна заложбата за внесување на нов дух во меѓуконфесионалните односи. Притоа беше истакната поддршката кон МПЦ-ОА за сите отворени прашања со кои се соочува, стои во соопштението од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи во Македнија.