Почетна Вера МПЦ-ОА Прва Литургија на Отец Партениј како Епископ
Прва Литургија на Отец Партениј како Епископ

Прва Литургија на Отец Партениј како Епископ

440
0

Соборниот празник на светите славни и сефални Апостоли, кој Бигорската Обител секогаш го слави со посебно благолепие и почит, оваа година за прв пат го прослави со епископска благодат.

-Имено, вчера нашиот Старец и Игумен, Епископот Партениј Антаниски, со благослов на нашиот надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј ја отслужи својата прва архијерејска Литургија во храмот на Чесниот Претеча, на кого му го посвети сиот свој досегашен монашки живот, велат од Бигорски.

Потенцираат дека Апостолскиот благослов што го носи архијерејскиот чин, споен со апостолската благодат од самиот празник, предизвикала полнота на духовна убавина и наслада, дотолку повеќе што Старецот Епископ со сето свое срце ги молел Светите Апостоли да го закрилуваат нивното братство и верниот народ со своите татковски молитви.

„Господи, Господи, погледни од небото и види и посети го ова лозје и утврди го, што го насади Твојата десница“ –  за прв пат, со умиление и солзи, одекнаа овие првосвештенички зборови од устата на Старецот Епископ во Бигорскиот храм, разлевајќи го врз присутните небесното благословение. Нека Светите Апостоли го укрепуваат со своите молитви нашиот Старец во неговиот свештено-апостолски призив, за општото добро на Телото Христово, кое е Црквата Негова, а на нашиот многу почитуван архипастир и владика, Митрополитот г. Тимотеј, да му даруваат духовни сили и крепко здравје, за уште долги години мудро да го раководи довереното му словесно стадо!, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *