Почетна Коментар Просветителот Кирил и светителот Кирил се една и иста, неделива личност
Просветителот Кирил и светителот Кирил се една и иста, неделива личност

Просветителот Кирил и светителот Кирил се една и иста, неделива личност

401
0

Лешочкиот игумен Кирил Пејчиновиќ изминативе 70 години во македонското школство се претставувше како „просветител“ и „писател“, како вљубеник во знаењето и во пишаното слово.

Фактот дека бил монах и пастир на Црквата Божја се премолчувал или се објаснувал како некаква „неизбежност“. Имено, ако некој во тоа време сакал да се описмени и да описменува, единственото место на кое тоа можел да го стори била Црквата и Богослужението. Небаре, отецот Кирил од немајкаде отишол во манастир за таму да ги изучува буквите и книгите, та да може да го поучува и просветува народот. Ваквата слика е искривена и едноставно неточна.

За ова прашање имам пишувано и зборувано во повеќе прилики, но сега имам прекрасен повод да се навратам на него и во извесна смисла – да го затворам.

Препознавањето на Кирил Пејчиновиќ како светител на Црквата Божја конечно и неповратно го суспендира кривотворењето и омаловажувањето на неговиот живот и дело во македонската наука и просвета. Имено, нема како веќе неговата просветителска дејност да се апстрахира од неговото светителство, нема веќе начин неговата љубов кон пишаното слово да се одделува од неговата љубов кон воплотениот Бог Слово – за Кого тој пишува на секоја страница од неговите сочиненија. Просветителот Кирил и светителот Кирил се една и иста, неделива личност, која во себе ги интегрира двата столба на отечкото предание: архетипните Атина и Ерусалим, т.е. образованоста и верата.

Сѐ на се, радосен и прерадосен ден – за благодарење на Бога Кој ги овенчува со слава Неговите свети и ни ги открива нам недостоините и неутврдените, кои сѐ уште не сме го изоделе патот на подвигот во верата и доблеста.

Молитвите и поуките на светиот наш отец Кирил Лешочки да нѐ придружуваат на тој пат во сите денови на нашите земни животи.

Пишува: Отец Милан Ѓорѓевиќ (фејсбук статус)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *