Професорот Дејан Борисов не е повеќе декан на Православниот Богословски Факкултет, Свети Климент Охридски во Скопје. Од понеделникот на оваа функција како в.д. Декан е поставен Илче Мицески, доцент на овој факултет.
Официјално Факултетот, но и МПЦ-ОА нема известување за смената на деканската позиција пред истекот на мандатот.
Борисов во телефонски разговор за религија.мк, кратко само потврди дека поднел оставка на функцијата од лични причини. Слично, дека на наставо-научниот совет на факултетот во понеделникот Борисов поднел оставка, вели и портпаролот на САС на МПЦ-ОА, владиката Климент.
Но, интересно е што од сајтот на Богословскиот факултет се чита дека не само Борисов, веројатно оставка поднела целата деканска управа, бидејќи продеканските позиции во моментов се празни.
Неофицијално пак Религија.мк, донзава дека промените во деканатот се инсприрани од членови на Синодот на МПЦ-ОА. Наводно Борисов паднал во немилост кај еден од владиците на МПЦ-ОА, кој има поприлично влијание на овој факултет и кој изминатиов период вршел притисок врз Деканатот. Меѓу употребуваните методи биле и закани за расчинување и покренување црковно-судски процеси.
Причините, како и за многу други состојби, веројатно ќе останата внтре во МПЦ-ОА. ПБФ е придружен член на Универзитетот Светите Кирил и Методиј, но со посебна клаузула дека Синодот на МПЦ-ОА има одлучувачко влијание, преку свој назначен повереник.

