Почетна Вести Продолжува обновата на црквата „Свети Атанасиј“ во населбата Оризари, кочанско
Продолжува обновата на  црквата „Свети Атанасиј“ во населбата Оризари, кочанско

Продолжува обновата на црквата „Свети Атанасиј“ во населбата Оризари, кочанско

132
0

Во црквата „Свети Атанасиј“ во населбата Оризари, која е една од најстарите во кочанско, продолжува уредувањето и фрескосликањето на внатрешниот дел.

Во првата фаза од обновата на црквата целосно е сменета фасадата, поплочен е дворот и започнато е со фрескосликањето на страничниот дел од внатрешноста на црквата.

orizari crkva– Продолжуваме со реновирање на просторот околу црквата. Во рамки на втората фаза старите и веќе во распаѓање потпорни ѕидови околу црквата, ќе ги обновиме целосно, а од западната страна, од кај Оризарска река, со чистењето на просторот од грмушки и дрвја ќе направиме влез до самата црква, изјави Марјанчо Иванов, член на Црковниот одбор од Оризари.

Тој додава дека ќе продолжи и фрескосликањето на внатрешниот дел на црквата до нејзино целосно завршување за што има интерес за донирање на икони од иселеници од Оризари кои живеат или се на привремена работа во европските држави и во Австралија.

Црквата посветена на „Свети Атанасиј“ е градена во 1848 година, потоа е делумно разрушена за повторно да биде изградена 1876 година, а фрескоживописана во таванскиот дел од страна на тајфата на Исаија Макарович од селото Гари. Од 55-те икони колку што има во црквата, 17 се наоѓаат во регистарот на икони на Заводот за заштита на спомениците на културата во Македонија.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *