Почетна Uncategorized Претседателот Иванов на трет ден Велигден кај Вселенскиот Патријарх

Претседателот Иванов на трет ден Велигден кај Вселенскиот Патријарх

361
0

Претседателот Ѓорге Иванов денеска имал средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во седиштето на Вселенската Патријаршија во Фанар во Истанбул.

Вселенската патријаршија на својата официјална Фејсбук страница објави и видео од пречекот на Претседателот Иванов, но без детали за разговорите.

Официјално нема информации за што разговарале Иванов и Патријархот Вартоломеј, но неофицијално македонскиот претседател речиси секогаш ја користи приликата кога е во Истанбул да се сретне со Вселенскиот патријарх. Оваа средба се поклопува со чествувањата на овој Велигден.

Инаку Иванов е Истанбул во Турција каде ќе учествува на 21 Евроазиски економски самит. Организатор на Форумот е Фондацијата Мармара, група на политичко економски и општествени истражувања чија што цел е унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот исток.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *