Почетна Вести Христијанство Премиерот Заев ветил помош за враќање на украдени икони од Македонија
zaev vo bigorski 9
zaev vo bigorski 1
zaev vo bigorski 2
zaev vo bigorski 3
zaev vo bigorski 4
zaev vo bigorski 5
zaev vo bigorski 7
zaev vo bigorski 6
zaev vo bigorski 10
zaev vo bigorski
zaev vo bigorski 8

Премиерот Заев ветил помош за враќање на украдени икони од Македонија

637
0

Премиерот Зоран Заев, кој беше во посета на Бигорскиот манастир изразил подготвеност да се заложи за помош во обид да се пронајдат и вратат во Бигорски украдените икони од реканските цркви.

За време на посетата на Заев, во Бигорски се одржуваше Втората малореканска научна конференција, насловена како „По патеките на Дичо Зограв“, на која присуствувал и Премиерот за време на предавањето на професорот Сашо Цветковски, кој зборувал токму за украдените низ времето икони од реканските цркви.

-По посетата на храмот, г. Зоран Заев со своите придружници се упати кон големата манастирска сала за свечености, каде што деновиве се одржуваше Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“. Таму, Премиерот имаше можност да го слушне излагањето на проф. д-р Сашо Цветковски за украдените икони од црквите во реканскиот крај и по тој повод изрази подготвеност да помогне за нивно враќање од Албанија во крајов каде што припаѓаат, велат од Бигорски.

Заев имал и средба со игуменот на Манастирот, Епископот Антаниски г. Партениј, кој го запозна гостинот со тековните дејности на Обителта.

-Премиерот се заблагодари за топлиот пречек и истакна дека Бигорски е сенароден сакрален споменик, кого сите треба да го почитуваат, без разлика на верската и национална припадност. Тој и лично му се заблагодари на Владиката Партениј за неговиот пожртвуван труд и грижа, кој како домаќин на ова значајно македонско Светилиште, направи многу за неговото заживување, разубавување и одржување, но и за големата општествена мисија што тоа, под негово игуменство, ја спроведува во изминатите речиси три децении од обновувањето на монаштвото во него, велат од Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *