Почетна Вести Премиерот Заев му вети на Ватикан обнова на Паљурци
Премиерот Заев му вети на Ватикан обнова на Паљурци

Премиерот Заев му вети на Ватикан обнова на Паљурци

578
0

 

Премиерот Зоран Заев ветил решавање на прашањето за денационализација на локалитетот Паљурци, негова обнова, а со тоа ставање на светската мапа на Македонија во делот на верскиот туризам.

Заложбите за решавање на ова прашање, Премиерот Заев ги пренел на стедбата со Апостолскиот Нунциј на Римокатоличката Католичката Црква во Софија, Монсињор Анселмо Гвидо Пекорари, денеска во Владата во Скопје.

Покрај претставникот од амбасадата на Ватикан  во Софија, на средбата со Заев бил и Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов.

-На средбата беше разговарано за теми од интерес на Католичката црква, односно за денационализацијата на локалитетот во Паљурци, и   што поскоро решавање на тоа прашање во интерес на двете страни, за обновување на тој локалитет кој е од особено културно-историско значење за католичката црква, и за ставање на светската мапа на Република Македонија во делот на верскиот туризам. Господинот Пекорари во оваа прилика, ги поздрави заложбите и посветеноста на Владата за да ја обезбеди европската иднина на државата, и се заложи да биде лобист во својата земја на начин кој ќе помогне на Македонија побрзо да ја оствари оваа своја цел. Тој исто така го поздрави и храбриот чекор за помирување на Македонија со своите соседи, потенцирајќи го договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија, стои во владиното соопштение.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *