Дење служи миси, а навечер настапува како диџеј во клубови – португалскиот свештеник Гиљерме Пеишото неодамна имаше настап во клуб во Бејрут, пренесува BBC.
Како што пишува BBC, отец Пеишото преку ден служи литургии, а навечер застанува зад диџеј-пултот, комбинирајќи ја свештеничката служба со музичка кариера. Неговиот настап во Бејрут привлекол околу 2.000 посетители, а клубот бил целосно распродаден, наведува медиумот.
Сепак, според BBC, диџеј-настапот за малку ќе бил откажан, откако мала група локални христијани, меѓу кои имало и свештени лица, поднеле формална жалба. Тие тврделе дека ваквиот јавен ангажман ја искривува сликата и обичаите на христијанството и го нарушува моралот на Црквата, пренесува медиумот.
Жалбата била разгледана од суд, но судија ја отфрлил, по што настапот се одржал според планираното, пишува BBC.
Како што наведува британскиот јавен сервис, отец Пеишото е пример за свештеник кој настојува да допре до младите преку современи форми на изразување, предизвикувајќи различни реакции во јавноста и во црковните кругови.
View this post on Instagram

