Православните верници во Битола го одбележаа празникот Богојавление – Водици

Date:

Share post:

Преспанско-пелагониската православна епрахија го одбележа празникот Богојавление – Водици кој според востановената традиција и оваа година се одржа во дворот на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

vodici bitolaВодсвет на водата во црковниот базен изврши митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар и го спушти Светиот крст по кој во црковниот базен скокнаа дваесеттина момчиња од овој град.

Годинава највешт и најсреќен учесник на црковниот настан Водици во Битола беше Виктор Манговски, кој прв пат го фати Светиот крст.

– Се пријавив да учествувам на големиот христијански настан со единствена цел за момент да бидам во светите води и да добијам благослов. Не очекував дека ќе го фатам Светиот крст, но успеав и тоа прв пат ми се случува. Радосен сум и верувам дека годината ќе ми биде среќна, истакна 16-годишниот битолчанец Виктор Манговски.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img