Почетна Вера Православните верници денеска го слават Св. Наум Чудотворец кој ги лекувал сите што ќе му се обрателе со верба
Православните верници денеска го слават Св. Наум Чудотворец кој ги лекувал сите што ќе му се обрателе со верба

Православните верници денеска го слават Св. Наум Чудотворец кој ги лекувал сите што ќе му се обрателе со верба

373
0

Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (или 23 декември според јулијанскиот календар), а другиот во летниот период на 3 јули (20 јуни). Овој датум бил избран зашто зиме одењето на манастир било отежнато поради временските услови, а и поради тоа што празникот паѓа пред големиот празник Рождество Христово – Божик, со одлука на Светиот синод е решено празнувањето да се префрли на овој термин.

Ако свети Kлимент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот на пишување и читање и други корисни работи, свети Наум е запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта. Лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале.

sveti-naum-ohrtd-1Свети Наум е запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Kултот на свети Наум зрачел не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Kорча, каде што манастирот имал свои имоти. Kултот бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта. Иако со свети Kлимент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Kирил и Методиј, за животот и дејноста на св. Наум Охридски малку се знае – учествувал во Моравската мисија, во Рим бил посветен во духовен сан и по смртта на Методиј во 885 година дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и набрзо бил прогласен за светец. Во житието на свети Наум се вели дека тој е брат на свети Kлимента. Некои истражувачи сметаат дека станува збор за собрат во духовна смисла, но повеќемина се убедени дека биле родени браќа – св. Kлимент бил епископ, а св. Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа.

Иако податоци за чудотворната моќ на светителот има и во житијата, сепак, култот на св. Наум најмногу е присутен во народните преданија. Цепенков го забележал народното верување дека св. Наум бил „да лекуат улаите“. Оттука и охридската поговорка кој за ум, кој за свети Наум“. Лекувањето душевно болни е честа тема и во народните преданија и легенди поврзани со неговото име, а вакви сцени се прикажани и на фреските во неговиот манастир.

Верниците со векови се поклонуваат пред неговите мошти, а за исцелителните својства на манастирот придонеле и повеќето извори со свети води околу него – извор „Свети Атанасиј“ изворот од карпата непосредно до брегот на езерото, потоа изворот Најазмо, од другата страна на границата со Албанија, изворот посветен на света Петка….

Има верувањето дека свети Наум е жив, односно такви во кои се раскажува за облогот дека чашата или грнето, или бокалот со вино, пуштен од прозорецот нема да се скрши или да се истури. Тоа навистина се случило, но светецот му се јавил на сон на оној што се обложувал и го прекорил да не се обложува повеќе, пишува „Дневник“.

liturgija-g-g-stefanИнаку централната литургија за Свети Наум, денеска беше во манастирскиот комплекс посветен на овој светец во Радишани. Таму литургија отслужи, Архиепископот г.г Стефан.

БЕКТАШИТЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ КАКО ТАТКО

Дека припадници на други вери го почитувале светителот и манастирот се зборува и во Летописот на манастирот каде што се вели: „Оваа света институција стекна голем углед и чест и кај друговерци, а особено кај Отоманите бекташи, кои не се знае од какви причини, ова светилиште го викаат Сари Салтик баба што преведено од турски значи жолтобрадиот татко. Според едно предание, еднаш кога дошле на гробот на свети Наум, неколку Турци замолиле некој од поупатените да им ги објасни ликовите од фреските. Kога тој што им ги објаснувал рекол: „Овој е свети Наум“, тие радосно извикале: „А тој е нашиот татко“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *