Почетна Вести Регион Православен свештеник уапсен во Атина, го навредил папата Франциск
Православен свештеник уапсен во Атина, го навредил папата Франциск

Православен свештеник уапсен во Атина, го навредил папата Франциск

218
0

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, во Атина се сретна со архиепископот aтински и грчки Јероним, а недовербата на многу православни Грци кон таквите средби беше илустрирана со протестот на православен свештеник при влегувањето на Папата во резиденцијата на Грчката православна црква.

„Папа, ти си еретик!“, извикал свештеникот трипати додека Франциск доаѓал во резиденцијата.

Свештеникот паднал на земја, а полицијата го одвела, а поглаварот на Римокатоличката црква тоа не го ни забележал додека влегувал во резиденцијата на средба со православниот поглавар.

Инцидентот уследи по малите протести на Кипар кој папата претходно го посети, а чии жители етнички Грци се исто така претежно православни.

За време на престојот на Кипар, Папата повика на помирување на православните и католичките христијани.

Официјалната посета на Франциско на Грција е прва посета на папа од 2001 година, кога во Атина престојуваше папата Јован Павле Втори, кој тогаш се извини за гревовите што католиците „со правење или пропуштање“ ги правеле против „православните браќа“ низ вековите.

/lokalno.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *