Пожар во македонска црква во САД – икона остана недопрена

Date:

Share post:

Неколку дена пред прославата на светата Параскева – Петка, параклисот посветен на оваа светителка, при Македонската Православна Црква „Св. ап. Петар и Павле“ во Краун Поинт, Индијана, САД, беше сериозно оштетен од пожар. Но, иконата на света Параскева – Петка во параклисот остана недопрена, пишува Литургија.мк.

Околу 2:24 часот наутро во средата, на 22 октомври, полицијата и противпожарната служба на Краун Поинт одговориле на пријава за пожар во параклисот „Св. Петка“, според соопштението на градот Краун Поинт. Првите полициски единици кои пристигнале делумно го изгаснале пожарот, по што Пожарната служба на Краун Поинт целосно го ставила под контрола.

Малата градба, која е одвоена од главниот храм, претрпела значителна штета. Причината и потеклото на пожарот сè уште се истражуваат.

Нашиот сакан параклис „Св. Петка“ беше запален минатата недела со подметнат пожар кој многу ја оштети малата црквичка. Пламенот го изгоре светото место. Но, и покрај чадот и уништувањето, благодатта беше присутна. Внатрешноста е сериозно оштетена, изгореници и пепел го покриваат она што некогаш беше свето место. Но, посреде пепелта се покажа милоста. И покрај огнот, ни го покажува нејзиното сострадание и милост. По Божјата благодат, нејзиниот лик сè уште сјае, неизгорен, неоштетен. Света Петка, моли го Бога за нас, изјавија од храмот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Киев: Манастирот „Св. Јона“ оштетен од руски ракети

Манастирската црква на Света Троица во манастирот „Св. Јона“ во Киев претрпе оштетувања поради ноќниот ракетен напад, објави...

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...