Почетна Вести Повлечен учебник со антисемитска содржина во Германија
Повлечен учебник со антисемитска содржина во Германија

Повлечен учебник со антисемитска содржина во Германија

151
0

Издавачката куќа од Берлин „Клет – Ферлаг“ јавно се извини за употребата на антисемитска илустрација во текст за еврокризата и најави дека ќе ги замени сите уличилишни книги во кои ште е објавена сликата.

Компанијата смета дека направила „жална грешка“ која што ќе биде поправена во наредното издание на учебникот кој повторно ќе се печати за неколку години.

Според блогерот Филип Фрох сликата на која што покрај симболот со зборовите „Ротшилд банка“ еврото е претставено како ја јаде Европа е класична антисемитска конспиративна теорија која што ја користеле и нацистите, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

antisemitizamИдејата за еврејската банкарска фамилија која што го контролира светот за свои лични интереси е дел од теоријата зад која што започна погромот на Евреите пред втората светска војна.

Автор на илустрацијата во учебникот е озлогласениот американски цртач Давид Деес кој што во 2008 година во САД се соочил со обвинувања за антисемитизам и промовирање на завери.

Учебникот кој издавачот го нарече сериозна грешка во германските училишта се користи од 2012 година, а во него се обработува темата политика.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *