Почетна Анализа Последни надежи на Вартоломеј за одржување на Соборот
Последни надежи на Вартоломеј за одржување на Соборот

Последни надежи на Вартоломеј за одржување на Соборот

874
0

Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј повлече чекор со кој се надева дека ќе успее да го спаси долго најавуваното одржување на Соборот на сеправославната Црква оваа година.

Откако последната подготвителна средба на претставниците на православните цркви, пред нова година во Атина, заврши безуспешно, Вартоломеј донел долука наместо во седиштето на Вселенската Патријаршија во Фанар, како што се очекуваше, нов обид да се надминат недоразбирањата да се направи во Шамбези во Женева.

21 јануари оваа година, за кога се очекува одржување на состанокот, можеби ќе биде пресуден датум за тоа во кој правец ќе се движи Православната Црква, оценуваат светските верски аналитичари.
Главната причина за потегот на Вартоломеј, да ја избере Женева место Фанар за средба е Руската Православна Црква.

Последните најави кои доаѓаа од Црковна Москва беа во насока на тоа дека нивни претставници може да не учествуваа на состанокот ако тој се одржи во седиштето на Вселенската Патријаршија, поради влошените политички односи меѓу Турција и Русија.

-Сега причина за неучество на други цркви на состанокот нема, изјавиле за медиумите од Фанар.

Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј во новогодишното обраќање најави дека ќе направи се и дека ќе ги продолжи напорите оваа година да се одржи сеправославниот Собор.

-Целата измината година Вселенската Патријаршија и лично јас придонесовме големи напори во подготовките на Светиот и голем Собор, а тоа ќе продолжам да го правам со сигурност и оваа година и покрај сите пречки кои се појавија. Верувам дека свикувањето на Соборот и неговата работа оваа година, со Божја благодат, ако не се случи нешто непредвидливо, ќе придонесе едната и единствена наша Православна Црква да одговори на острите внатрешни предизвици кои стојат пред нејзе, изјавил Ватоломеј.

А, предизвици и недоразбирања има на сите страни. Првиот најсериозен предизвик е токму одржувањето на Вселенскиот Собор оваа година. Состојбите добија неизвесен правец поради се појасните несогласувања помеѓу првиот Патријарх – Вартоломеј и најмоќниот – Патријарх Кирил од Русија.

Руската Православна црква постави редица услови, кои за Цариградската Патријаршија изгледаат неостварливи. Меѓу нив е и настојувањето на Москва, Патријархот Вартоломеј да го признае изборот на Митрополитот Ростислав за Претстоител на Чешката и Словачка Православна Црква.

Неодамна, Митрополитот Иларион Алфеев, шеф на руската црковна дипломатија изјави дека од десетте теми предвидени за Соборот, кои во меѓувреме беа редуцирани на 8, целосна согласност има само за три теми.
Тоа, вели Алфеев е доволно за да Руската црква има став дека нема услови за свикување на сепоравославен вселенски Собор.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *