Почетна Вести Регион Порфириј: Србите се народ на Голгота и Воскресение
Порфириј: Србите се народ на Голгота и Воскресение

Порфириј: Србите се народ на Голгота и Воскресение

128
0

Српскиот патријарх Порфириј го посвети велигденското послание на иницијативата за резолуција за Сребреница, оценувајќи дека некој се обидува од Србите како народ жртва на геноциди низ историјата, да направи извршител на геноцид.

Во прилично жесток речник, Порфириј зборува за страдањата на Србите, посочувајќи дека тие се едни од најголемите жртви во историјата на светот.

-На својот крстоносен пат и ние, народот српски, носејќи го крстот свој, го носиме и Крстот Христов. Го понесовме и во Првата светска војна, кога во однос на бројот на наши сонародници пострадани, бевме меѓу најголемите страдалници на светот. Нашиот крстоносен пат продолжи и во Втората светска војна, кога во озогласената и срамна Незавосна Држава Хрватска се правени логори и за нашите деца, во кои децата умираа од глад, студ, болести и злоставувања. Само кај нас, во окупирана Србија, под митарлески оган на германските нацисти по училишните часови умирале чети ученици во еден ден. Животот на еден убиец, вредеше како сто наши животи. Вистинитоста на ова страдање не морале да го потврдуваат со наметнати аморални резолуции: за нив сведочеле самите страдања, без лажни сведоци во лицето на непосредните потомци и пострадани наследници извршители на вистински геноцид. Потсетуваме на фактот дека светот  во кој живееме заборави на геноцидот над српскиот народ во дваесеттиот век, како и на вековите кои му претходеа. Секој втор рид на местата каде живеат Срби е своевидна Голгота, вели во велигденското послание српскиот патријарх.

-Поради тоа денеска силно го подигнуваме својот глас и укажуваме на апсолутните невистини и обидот за историски ревизионизам, во кој се настојува со проста инверзија, српскиот народ, жртва на многустран геноцид и етничко чистење, да биде прогласен за извршител на геноцид. Не ги намалуваме размерите на злосторствата во Сребреница, но како православни Срби, не преќутуваме ниту за злосторствата над српскиот народ во околината на Сребреница. За жал предлагачите на резолуцијата не се осврнуваат над овие зллосторства, кои во континуитет се случувале од 1992 до 1995 година по српските села, каде се закопувани цели семејства. Ние сме христијански народ, народ на Голгота и Воскресение. Треба секогаш да се молиме и да бидеме со нашите страдални браќа и сестри на Косово и Метохија, кои се жив израз на надежта, љубовта, да бидеме со нив, кои се мета на насилство само затоа што се православни христијани, православни Срби, затоа што се свои на своето. Господ наш Исус Христос, Кој себе си се жртвуваше, нас никогаш и никаде досега не не заборавил, нити оставил. Нему во овие свети денови му се обраќаме со понизни молитви да го заштити, спаси и помилува и сочува родот наш православен од сите неправди и насилства.  Затоа ве повикувае драги духовни чеда, неуморно да го негуваме, што значи молитвено и трудољубиво да ја изразуваме легитимната и природна потреба за народно единство. Тоа наше народно единство го остваруваме под омофорот на Свети Сава, во Црквата Христова, Бог Живиот, чие Распетие и Воскресение српскиот православен народ го преживува во својот пат низ историјата, вели Порфириј во велигденскот послание.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *