Почетна Вести Политичарите го честитаа денот на Светите Кирил и Методиј
Политичарите го честитаа денот на Светите Кирил и Методиј

Политичарите го честитаа денот на Светите Кирил и Методиј

413
0

Македонија денеска го слави 24 мај, Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј. За првпат, овој ден во нашата земја бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје, бидејќи на овој датум, во деветтиот век започнала Моравската мисија. Светите браќа Кирил и Методиј се родени во Солун во деветтиот век.

Тие се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за нивниот културен развој. Поради големите заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите. За православните верници кои денеска ги посетуваа светите храмови, овој празник има особено значење.

Денот на македонските и сесловенските просветители Кирил и Методиј до 2007-та година, во нашата земја беше одбележуван како Ден на образовните институции и просветните работници, а ова е единаесетта година како 24 мај се слави како државен празник на Македонија.

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев  и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испратија честитки по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во честитката на Иванов се вели дека, за важноста и за суштината на просветителската мисија на двајцата браќа, кои внеле нов импулс во верата и во културата на сите словенски народи, говори и фактот што денеска тие се патрони на Европа.

„Темел на културолошкиот процес било создавањето на словенската азбука – глаголица. Но, нивната мисија и нивното сфаќање за развојот и за ширењето на словенската цивилизациска свест се најдобро изразени преку просветителскиот континуитет на Кирилометодиевите ученици, големите дејци свети Климент и свети Наум“, вели Иванов во честитката.

Треба да бидеме бескрајно среќни и горди како народ, бидејќи Светите браќа Кирил и Методиј, кои од страна на неговата светост, Папата Јован Павле Втори се прогласени за заштитници на Европа, не вбројуваат меѓу народите кои дале огромен придонес кон светската наука и култура, вели Груевски во честитката.

„Тие со своето делување и работење овозможија поголема рамноправност на народите во своето време, спротивставувајќи се на дотогаш ограниченото сфаќање дека знаењето и науката треба да се пренесуваат на само неколку тогашни јазици, тие ја проширија писменоста во до тогаш невидени размери и простори и допринесоа за унапредување на науката во целост“, пишува во честитката упатена од Груевски.

Лидерот на СДСМ, Заев во честитката вели дека браќата Кирил и Методиј ја означиле Македонија на светската карта како лулка на словенската култура и писменост.

„Она на што сакам да повикам, е пред нас да е примерот на широкоградата мисионерска дејност на светите браќа Кирил и Методиј, сега кога почнуваме да го обновуваме нашето општество. Јас лично и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како партија што ја доби честа и одговорноста да ја предводи новата реформска Влада даваме збор дека ќе се грижиме за Македонскиот јазик и националниот идентитет, но и дека низ почитување на богатството различности во нашата држава, ќе градиме просперитетно општество на сите граѓани во нашата држава“, стои во честитката на Заев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *