Почетна Коментар Полицијата во Австралија, а не Игуменот Гаврил ги гони Владиката Петар и Игуменот Никодим
Полицијата во Австралија, а не Игуменот Гаврил ги гони Владиката Петар и Игуменот Никодим

Полицијата во Австралија, а не Игуменот Гаврил ги гони Владиката Петар и Игуменот Никодим

2.32K
3

Реакција, на македонските верници во Австралија. (интегрално)

За последните изјави на митрополитот Петар, што се појавија по медиумите во Австралија и Македонија, очигледно е дека неговото високопреосвештенство или не се консултирал со својот адвокат што да пренесе на јавноста или станува збор за навистина неискусен правник во релација на функционирање на полицијата и правосудството во Австралија. Или, како последна опција, се уште некој мисли дека македонската заедница во Викторија се состои од лица кои се недоволно образовани и неупатени, па лесно можат да се манипулираат.

Хуморот и сатирата и понатаму ја проткајуваат целата оваа ситуација.

Најпрво, изјавува дека бил повикан на информативен разговор кој траел 15-20 мин., а јасно е снимен како влегува во детективското возило. Според австралиската регулатива, лицето мора да оди до полициска станица со возилото на полициските службеници само доколку е формално уапсено заради законски прекршок или е приведено заради распрашување во врска со некое сериозно казнливо дело. Со оглед на тоа што митрополитот бил пуштен по неколку часа распит, а не како што вели – по 15-тина минути, јасно е дека не бил уапсен, но станува збор за распрашување за казнливо дело.

Понатаму, вели дека го повикале да каже што знае за клеветењето на Игуменот Гаврил врз Игуменот Никодим. Ваквото тврдење просто го остава човек со отворена уста, од причина што живееме во 21-ви век и станува збор за правен систем во развиена индустриско-капиталистичка земја, во којашто сигурно полицијата нема да троши време и енергија на озборувања и клеветења. За едно лице да биде приведено на распит во полициска станица, апсолутно мора да постојат неоспорни докази и факти дека криминалното дело навистина се случило. А дека такво криминално дело се има случено, уште повеќе го потврдува фактот дека не постои тужител, туку постапката е покрената од страна на полицијата по службена должност. Значи, отец Гаврил ниту клеветел ниту, пак, се јавува во улога на тужител.

Nikodim Soluncev MPCСлучајот, за кој беше митрополитот Петар приведен, се одолговлекува уште од минатата година. Имено, игуменот Никодим намерно и свесно ја оттуѓувал личната пошта на отец Гаврил, за што беше и уапсен. Во истрагата, полицијата откри дека тој, исто така, вршел и нелегално следење на отец Гаврил, и во распрашувањето самиот признал и посочил дека всушност владиката Петар го барал тоа од него, тој само ги извршувал одлуките на својот претпоставен. Како привремена казна, игумен Никодим беше обврзан редовно да се пријавува во полициска станица, а и два пати беше повикан на суд за тоа дело, меѓутоа во двата наврата тој побара одложување. Објавите за судските рочишта се официјални и јавно достапни за сите, а присуството на таквите судења, исто така, е отворено за сите граѓани. Следниот термин е закажан за 20-ти септември, оваа година, во Магистралниот Суд во Хајделберг.

Понатаму, уште една небулоза. Митрополитот Петар изјавува дека не е запознаен со случајот, бидејќи не бил во Австралија… Точно, минатата година ноември-декември тој не беше во Австралија, но затоа пак беше во јануари-февруари оваа година, но земјата ја напушти набрзина и таинствено, менувајќи датуми на авионски карти и место на полетување, избегнувајќи да се соочи со полицијата. А игуменот Никодим, да не заборавиме, беше приведен од манастирот во Донибрук на 27-ми јануари 2016 год. во присуство на самиот митрополит Петар, после вечерната богослужба на денот на славата на манастирот.

Но, потрагичен е вториот дел од оваа негова изјава, имено дека не сака ни да знае за тоа што се случува. Голем број верници, слушајќи го ова, се запрашаа дали тогаш тој е воопшто пастир, којшто се грижи за постапките на своите свештеници и знае да ја води својата епархија и својот верниот народ!? Со ова тој не само што индиректно кажува дека некои од неговото свештенство во Австралија реално се однесуваат своеволно и неодговорно, туку и ни дава до знаење дека него тоа воопшто не го ни засега.

Понатаму, митрополитот Петар повторно се потсмева на правниот систем во Австралија и вели дека целиот случај е „спакуван“ од „владиката Наум и Игуменот Гаврил… со една вработена во полицијата, која е духовно чедо на Игуменот Гаврил“. Се прашуваме како ли еден, во Австралија, правно немоќен владика од Македонија – митрополитот Наум, еден игумен, којшто неодамна беше исфрлен од својот манастир – игумен Гаврил и еден обичен полициски службеник, успеале не само да скројат, туку и успешно да пласираат една ваква приказна во сосема туѓа и правно стабилна земја? Оваа изјава очигледно е некое сценарио од научно-фантастичен филм. Патем, изнесува уште една невистина, која лесно може да се докаже: отец Гаврил нема никакво духовно чедо вработено во полиција.

pismo kanonski otpustНа крај, тој повторно ја спомнува канонската постапка за расчинување на отец Гаврил, а намерно „заборава“ дека еден епископ не може и канонски не смее да спроведува никакви канонски постапки против свештено лице коешто е дел од друга епархија. Само како потсетник, отец Гаврил никогаш не ни бил канонски примен во Австралиско-Новозеландската Епархија под раководство на митрополитот Петар, а моментално служи во епархијата во Австралија под раководство на митрополитот Тимотеј.

И кога ќе се сумира кажаното во изјавата, евидентни се куп изнесени невистини, манипулации, клеветења, оцрнувања, неканонски дејствија… А нели, според каноните на Православната Црква, коишто владиката Петар постојано љуби да ги посочува, ако едно свештено лице биде затекнато во кражба и во договор за завера против свој брат, треба да биде расчинето (Ап. 25; IV Всел. 18; Трул. 34). Нека ова не се земе за дрскост, но според логичкото резонирање на тоа како се одвиваат работите во контекст на каноните, призлегува дека не игумен Гаврил, туку и митрополитот Петар и неговиот поданик игумен Никодим, можат непречено да бидат расчинети.

Пишува: Аргирета Атева

Коментар(3)

  1. Колки и да се покрива светлината (висината) од некаде ќе пробие.

    И ќе продолжи да избива.

    Страшно е што и покрај очигледната реалност, слушам дека низ црквите сеуште се шират лаги и обвинувања. А тоа е жално.

    Се ежам што порано и на нас ни се сервираа лаги и како слепци верувавме.

    Будењето од лагите беше болно бидејки никогаш не би се надевале дека тој што треба да те поддржува, те напага.

    Но и Господ гледа СЕ!

    И Јудиното срце беше скриено од сите освен од Бога. Но самиот тој си го покажа срцето со своите дела.

    Така да сите дела за који читам ми отвораат една друга страна, илјада пати до сега потврдена.

    Туку Господ да ги чува тие што сеуште ги чуваат очите затворени, бидејки незнаејки или знаејки грешат, а искупувањето ќе биде тешко.

  2. Jasno ni e na site sto sme vo Avstralija i go poznavame otec Gavril deka ona sto go kazuva vladikata Petar za nego e laga. Koga veke detektivi ke ti dojdat doma, znaci deka tuka ima nesto. Vistinata na kraj ke izleze na videlina. Nitu eden detektiv ne bi si go trosel vremeto da dojde za 15 min muabet ako ne e kriminalno delo. Stom do sega ne mozese od vnatre da se resi problemot, dobro e sto stigna do policija. Da se nadevame deka se ke se sredi, zasto ovaa zemja ima zakoni i lugeto imaat svoi prava.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *