Почетна Вести Почнува патувачката промоција на новата книга на владиката Пимен
Почнува патувачката промоција на новата книга на владиката Пимен

Почнува патувачката промоција на новата книга на владиката Пимен

603
0

Ресен, Прилеп, Струмица и Штип се првите четири дестинации на кои ќе биде промовирана новата, втора книга, на европскиот митрополит на МПЦ-ОА, г. Пимен.

Книгата со наслов „Патувајќи“ е збир колумни кои поттикуваат читателот да пропатува преку неговите размисли и ненаметливи совети.

Промоторите на настанот велат дека книгата „Патувајќи“ на Отец Пимен, нарекуван и алтруист, луциден раскажувач, скеч гуру цртач и ревносен патувач, е бесценето богатство откинато од неговото милосрдно срце!

Турнејата почнува во родниот крај на авторот, Ресен, на 4 септември понеделник, во спомен куќата на Татарчеви, од 19 часот. Во Вторник, 5 септември, во Jazz club TAKE FIVE – Прилеп, е втората промоција со почеток 19 часот. Третата е во среда, 6 септември, во кафе – бар Maf Maf- Струмица, со почеток 19 часот. Во четврток, промоцијата е Штип, со почеток 19 часот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *