Почетна Вести Почина уште еден епископ, голем пријател на Македонската Православна Црква
Почина уште еден епископ, голем пријател на Македонската Православна Црква

Почина уште еден епископ, голем пријател на Македонската Православна Црква

1.43K
0

Видинскиот митрополит, г. Домитијан по кратко боледување вчера на 18 септември починал. Тој беше еден од најпочитуваните архиереи на Бугарската Православна Црква и голем пријател на МПЦ-ОА.

Синодот на БПЦ за денеска закажа вонредна синодска седнца на која треба да го дефинира датумот за опелото и погребот на видинскиот митрополит.

-Митрополитот Дометијан ќе остане во црковната меморија како совршен во својот монашки живот, побожен свештеник и архипастир на неговите доверени свештеници и луѓе, драг и незаборавн архиереј на Светиот Синод, стои во соопштението на Бугарската Православна Црква.

Митрополитот Доетијан е роден на 11 ноември 1932 година во Смоленско, како Димитар Попвасилев Топузлиев. На 14 Јануари 1959 во манастирот Свети Николај е за монашен од Старозагорскиот Митрополит Климент.

На 15 декември 1974 година е хиротонисан за епископ со титула Знеполски, а од 1979 епископ на БПЦ во САД, се до март 1983 година. Кога се враќа во Бугарија, прво е викарен софиски митрополит, а од 1987 беше избран за Видински Митрополит.

Митрополитот Домитијан во 2005 година им обезбеди прибежиште и ги прими во своите манастири седумте монахињи, кои заедно со Игуманијата Таиса, го напуштија Јован Вранишковски и неговата ПОА и преку посредништво на МПЦ заминаа во видинските манастири.

Во 2008, по пет години откако тие со Вранишковски заминаа од МПЦ, Архиепископот г.г. Стефан се сретна со нив.

Средбата се случи во еден од манастирите на Видинската Епархија. Со Архиепископот Стефан беше и Брегалничкиот митрополит г. Иларион. Видинскиот митрополит г. Домитијан тогаш изјави дака македонскиот Архиепископ имал подолг разговар со монахињите.

-Дојдоа доцна во ноќта. Ги примивме како браќа во Бога. Бевме на молитва во црква, вечеравме и разговаравме подолго со монахињите. Неговото Блаженство и митрополитот Иларион ја поминаа ноќта во манастирот и утредента ги испративме за Македонија, изјави тогаш Г. Дометијан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *