Почетна Вести Почина мати Агнија, монахињата од манастирот Богородица Причеста во Кичево
Почина мати Агнија, монахињата од манастирот Богородица Причеста во Кичево

Почина мати Агнија, монахињата од манастирот Богородица Причеста во Кичево

1.86K
3

На 13.ноември 2016 година, на 81 година од животот, почина игуманијата Агнија, која 30 години верно служеше и раководеше со манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево.

На последниот поздрав со мати Агнија, заупокоена Литургија, отслужиле Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, и свештеници на МПЦ.

1-Мајка Агнија ќе го затекне овој свет манастир во една незавидна состојба, со дотраени и руинирани објекти, со мал исклучок на еден дел од епископскиот (владичкиот) конак, кој беше обновен, а сето друго беше или веќе разрушено или беше на работ на распаѓање. Со нејзино натчовечко залагање и ангажирање, но, се разбира, и со помош на благочестивиот народ од Кичево, манастирот Пресвета Богородица Пречиста повторно прерасна во еден вистински бисер, кој блеска со својата убавина, со возобновените конаци кои го опкружуваат манастирскиот комплекс, а уште повеќе со светоста и привлечноста која привлекува многу Боготрагачи, кои наоѓаат утеха, поткрепа и цврстина во нашата света православна вера и надеж во Господа Исуса Христа. Имајќи предвид дека ова е тажен момент, кога сите ние се простуваме од мајка Агнија во овој привремен живот, би биле несправедливи ако ги одминевме и не ги споменевме овие нешта, бидејќи токму таа е една од најзаслужните што придонесе сето тоа да се реализира, а секако за доброто на нашата света вера, Црква и народ. Како Архиереј на МПЦ-ОА, би сакал да истакнам уште една голема добродетел на мајка Агнија. Сите добро знаете дека таа по своето телесно раѓање беше Србинка, меѓутоа, во овие 30 изминати години, таа никогаш не правеше разлика помеѓу луѓето дали е некој Србин, Македонец, Албанец, Турчин или Ром. Сите подеднакво ги примаше, уважуваше и поучуваше, а на моменти знаеше, особено православните, да ги укори со повисок тон. Имавме многу сличности со мајка Агнија, како Архереј и старешина на Пречистанската обител, посочува Митрополитот Тимотеј.

8Игуманијата Агнија е родена на 22-ри Март 1935 година, во село Клење, општина Богатиќ, Шабац, Република Србија. Како младо девојче, поточно на 18 години, определувајќи се за монашки живот, заминува за искушеничка во манастирот Жича, каде во тоа време, игуманија е нејзината тетка Елена. По некое време, преминува во Шумадиската епархија, односно во манастирот Драча, кој се наоѓа близу Крагујевац. Оттука преминува во манастирот Калениќ, кој се наоѓа во истата епархија, каде прима и монашки потстриг. Долги години потоа, ќе биде во епископската резиденција во Крагујевац, најнапред кај епископот Валеријан, а некое време и кај епископот Сава Вуковиќ.

4Во 1986 година, поточно пред 30 години, мајка Агнија доаѓа во Манастирот света Богородица –Пречиста, каде што ќе го почне својот подвижничко-монашки живот, заедно со тогашната игуманија Салафаила, по род Русинка, која била дојдена од прочуеното сестринство од манастирот Лесна, од каде што се и познатите монахињи, игуманијата Марија и Диодора.

Коментар(3)

  1. Семилостивиот Бог да и подари рајска населба со сите светии

  2. Господ да и подари вечен спокој во царството небесно

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *