Почетна Вести По кој ценовник работи СПЦ?
По кој ценовник работи СПЦ?

По кој ценовник работи СПЦ?

808
0

Српската православна црква ги објави новите цени за црковните услуги за 2017 година и ги збесна верниците. Ценовникот за црковни услуги честопати ги револтира верниците на некои православни цркви, меѓу нив и на МПЦ.

Но, според она што во српската јавност излезе како нов ценовник, се гледа дека цените се речиси идентични со цените за услуги во Македонската црква.

На пример за крштевка СПЦ наплаќа 5000 динари, или околу 2500 македонски денари. Венчавката во СПЦ е 7000 динари, што е 3500 денари. За опело се плаќа 5500 динари, парастос – 3000 динари, парастос во црква е поевтино и чини 1000 динари…

Во ценовникот на СПЦ има услуги како на пример „молба за чинодејстве во забранети денови“ за која се плаќа 600 динари, или 300 денари. Издавањето на крштеницита во СПЦ е 500 динари, или 250 денари.

spc-ceniВо СПЦ на пример ако сакате да добиете потврда за развод, треба да платите такса од 3000 динари, а ако пак сакате таа да биде објавена во службениот весник на СПЦ, треба да доплатите плус 1200 динари, или вкупно 4200 динари, што е околу 2100 македонски денари.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *