/Од Пјаченца Италија, за религија.мк Мирјана Давидовска (Сител ТВ)
Македонската православна заедница во Пјаченца, Италија, и оваа година со огромна радост, духовно единство и масовност го прослави најголемиот христијански празник Велигден.
Стотици наши сонародници се собраа во храмот за ја споделат веста за Христовото Воскресение.
Торжествено со литургија и традиционалната литија околу црквата. Со свеќи во рацете и молитва во срцата, верниците го следеа свештенството околу храмот Митрополитот Европски Пимен кој чиноначалствуваше со службите, точно на полноќ го обзнани Воскресението со победоносниот поздрав: „Христос Воскресе Навистина Воскресе!“
Светата богослужба продолжи со Златоустовата литургија, во која сослужуваа Митрополитот и парохискиот свештеник, отец Климент.
Во преполнетиот храм, исполнет со мирис на темјан и духовни песнопенија, голем број верници пристапија кон олтарот за да се соединат со Господ преку Светата Причест. Она што посебно го стопли срцето беше присуството на сите генерации. Деца, млади и стари, облечени во своите најубави празнични алишта, по службата ја продолжија традицијата со кршење на црвени велигденски јајца. Радоста беше видлива на секое лице, потврдувајќи дека македонските обичаи и верата се силни и живи и далеку од татковината.
Празнувањето не заврши само со полноќната служба. И денеска, на денот на самиот празник, се отслужи Света Литургија каде храмот повторно беше исполнет до последното место.
Верниците кои не успеаја синоќа, денеска ја примија Светата Причест, придонесувајќи за општата благосостојба и духовен мир на целата заедница во Пјаченца.
