ПИМЕН: Македонија е земја на многу светители
1.54K
0
Европскиот Митрополит г. Пимен, кој присуствуваше како дел од државно-црковната делегација на канонизацијата на Мајка Тереза за Светица, најави дека МПЦ следната година ќе прогласи за Светител уште една личност од Македонија. Станува збор за Епископот Велички Гаврил Светогорец.
-Ние навистина сме земја која што изобилува со Светители и кои се значајни и од католичката и до православната црква. Еве можам да најава дека во православната црква во 2017 следува канонизација за Епископот Велички Гаврил. Неколку години е формирана комисија која ги испитува неговите дела и еве следната година ќе можеме да пристапиме кон негова канонизација, изјави од Рим Владикат Пимен.