Пимен, Георгиј и архимандритот Гаврил служеа во Пјаченца, Италија

Date:

Share post:

Митрополитите Пимен и Георгиј, заедно со архимандритот Гаврил од Австралсико-сиднејската епархија, отслужија литургија во Пјаченца, Италија.

Сослужувањето е во чест на партониот празник, Свети Прохор Пчински, на оваа црковна општина на МПЦ-ОА.

На литургијата присуствуваше и генералниот конзул на Македонија во Италија Фросина Ременски, вице градоначалникот на општина Пјаченца и бројни гости од соседните црковни општини од Италија.

Претходната вечер во навечерието на патрониот празник вечерна богослужба отслужил надлежниот митрополит Пимен, а молитвено присуствувал митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј.

-Во продолжение на богослужбата, беше отслужен и заеднички парастос во очи на ноемвиската Задушница, на кој сите заедно се помоливме за покој на душите и наследување на Царството Небесно за нашите починати оци, мајки, браќа и сестри. Со оваа молитвена и духовна подготовка, верниот народ со радост и благодарност го дочека патрониот празник на својата света заедница, изразувајќи љубов, вера и заедништво во Христа, велат од Епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Киев: Манастирот „Св. Јона“ оштетен од руски ракети

Манастирската црква на Света Троица во манастирот „Св. Јона“ во Киев претрпе оштетувања поради ноќниот ракетен напад, објави...

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...