
Патриотски – Архиепископот Стефан од Охридски и Македонски стана „НАШ Архиепископ“
Ниту Охридски, ниту Македонски, ниту пак на Јустинијана Прима. Во литургиите што ги служи Митрополитот преспанско-пелагонски Петар, поглаварот на МПЦ-ОА, стана „Блажењеши Архиепископ наш Стефан“.
Случајно или не, ненамерно или со умисла, В2ладиката Петар, кој едно зборува по медиуми, а друго практикува за време на Богослужбите, во неделата кога сослужуваше со пензиониран владика на црквата од Грција и со владика на црквата од Бугарија не го именуваше Архиепископот Стефан со неговата титула, туку едноставно го нарече Архиепископот „Наш“ Стефан.
И на Големиот Вход и на Перви Помјани, делови од Литургијата каде се врши спомнување на поглаварот, ја искористи истата формулација. За разлика од него, Влдиката на БПЦ Кипријан го спомнува неговиот поглавар, Патријархот Неофит со титулата „Бугарски“. Во сличен контекст во неколку наврати наместо името на државата, користи формулација „нашата татковина“.
Која била целта, или намерата на владиката Петар е непознато, но е индикативно зошто на богослужбата не е именуван Архиепископот со неговата целосна титула, или барем со делови од титулата. Ова можеби и не би била некоја значајна вест, доколку не дојдеше од устата на Владиката кој по медиуми постојано зборува за некакво барање за обезличување на МПЦ-ОА, „ерга омнес“ име и кој важи за „најголем патриот, чувар на придавката македонски во црквата“.
Засега е непознато дали и како ќе реагира Архиепископот Стефан, чиј Кабинет остро реагираше на еден телевизиски пренос, каде на кајронот не беше целосно испишана неговата титула.
Титулирањето на Архиепископот во Диптихот е едно од прашањата за кое во јавноста, токму владиката Петар громогласно ја фали СПЦ и Патријархот Порфириј дека со Томосот од СПЦ и го признале на МПЦ-ОА името „македонска“. Но ниту од Кабинетот на Архиепископот, ниту пак владиката Петар досега не реагираа што во Богослужбите, или во пракса, Порфириј не ја користи целосната титула на Архиепископот Стефан. Откако на почетокот го спомнуваше како „Стефан-Охридски и на Северна Македонија“, сега редовно ја користи само формулацијата „Охридски Стефан“.
Поглаварот на Кипријан (Бугарскиот владика со кој сослужуваше Петар) на литургиите го споменува Архиепископот Стефан како „Архиепископ Северномакедонски Стефан“.
Романскиот патријарх Данаил за време на литугиите архиепископот Стефан го именува како „Архиепископ на Охрид и на Северна Македонија“.
Рускиот патријарх Кирил во службите не споменува ниту едно име на поглавар, бидејќи со четворица поглавари го прекина литургиското општење, па ја користи формулацијата „Спомни си Господи за поглаварите на помесните православни цркви“.
Останатите поменси цркви не го впишаа името на Архиепископот во Диптихот и нивните поглавари не го споменуваат Архиепископот Стефан како Архиепископ на автокефална црква.
Опет показујете елементарно незнање. Код Срба се нпр. говори: “Најсветијег Архиепископа и Патријарха нашег Порфирија да помене…”. Тако је и у свим другим црквама. Заиста је смешно колико не знате ништа о Цркви.
Вие сте сите предавници. Петре (дувни ветре) е патриот par performanse… или excellence… Абе, Ангелино, брате, како беше.
Нивелирање по српски терк или по чиј било терк на една автокефална Помесна Црква со свои автентични плодови е суштински чин на самоукинување на Нејзината автокефалност. Човек треба да знае дали оди или се враќа, особено ако е Владика. Од кај им е идејата дека Српската Православна Црква има подобри обичаи или формални практики или духовни плодови од Македонската Православна Црква? Тоа ли ќе биде новиот камен на сопнување? Кој има потреба од сето тоа!? Денес сите зборуваат за политики на мека асимилација во меѓународната политика, ама И’ доликува ли тоа на Црквата Христова? По сите сведоштва Божји за огромната милост кон клирот и верниот народ на МПЦ, после сета таа благодат и подвизи во тишина и безгранична предаденост на Божјата Волја, сега некој нови капи ли зема да крои, текот на Божествената Литургија ли тргнува да го менува… Ги знам плодовите на СПЦ (ги почитувам, на некои од нив се восхитувам, други ги сметам за профан однос кон профани теми, информативно корисни, но духовно бесполезни, со учинок на одземање на духовната моќ на оние од кои се очекува да завладеат со светот како учесници во Планот Божји за неговата иднина, кое секако се одвива во тишина, никако инаку – нешто што е само еден од скапоцените тивки плодови на подвижниците на МПЦ-ОА). Е сега, зошто да се одречам од помалото кое во очите на светот се чини поголемо? Што ми е гајле мене за очите на светот? Да сослужуваш со некого, да ја прифатиш неговата потврда за автокефалност не значи да не знаеш да кажеш ‘не’, не значи да ги прифатиш неговите манири зашто си нов во друштвото. Зачувај го поредокот кој ти донел здрав духовен живот. Внимавај на мудроста на големите подвижници што ги среќаваш, но добро испитувај ги нивните постапки. Она што е добро за едниот не значи дека е добро за сите. Совршенството е лично, на ништо знајно слично. А колку голем подвижник е некој навистина треба да се почувствува и од личен опит, не просто затоа што стекнал светска слава.