Почетна Вести Христијанство Телевизијата на СПЦ го именува Архиепископот Стефан како „Скопски“, а по реакциите се поправи
Телевизијата на СПЦ го именува Архиепископот Стефан како „Скопски“, а по реакциите се поправи

Телевизијата на СПЦ го именува Архиепископот Стефан како „Скопски“, а по реакциите се поправи

7.88K
0

Архиепископот Стефан вечерва ќе гостува во интервју на Телевизија Храм, телевизијата на Српската Православна Црква.

Интервјуто е снимено минатио викенд во Скопје, а денеска беше најавено како вест на интернет страницата на ТВ. Храм. Но она што во веста предизвика внимание е титупата на Архиепископот. Телевизијата на СПЦ го најави како „Архиепископ скопски и македонски“. Со истата титула веста беше споделена и на страниците од социјалните мрежи на ТВ Храм, што во Македонија предизвика и политички реакции. Петар Богојевски, лидерот на Македонски Концепт на фејсбук остро реагираше прашувајќи „ИМА ЛИ КОЈ да им каже на овие од СПЦ, Стефан е Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, а не “скопски”?

Но, откако дел од медиумите побарале реакција од Кабинетот на Архиепископот Стефан, извесно време подоцна ТВ Храм ја промени веста впишувајќи ја точната титула на Архиепископот. Интервенцијата била направена по реакција на Кабинетот на поглаварот, а образложнието што го добиле е дека станува збор за ненамерна грешка.

Сепак, малку чудно е да се верува дека вработените во ТВ Храм би можеле да направат лапус, ако се знае дека таму се луѓе од  црквата на кои им се познати фактичките состојби, но добро го знаат значењето на именувањето на титулите на владиците.

Во тој контекст треба да се напомене дека СПЦ не би требало да има проблем со целосната титула на Архиепископот Стефан, особено што таа е запишана и во Томосот што СПЦ го издаде. Но, од друга страна СПЦ и Патријархот Порфириј, честопати тоа во пракса не го почитуваат. „Охридски Стефан“, без „македониски“ стана редовна формулација што Патријархот Порфириј ја користи за време на Богослужните.

Инаку ова е второ интервју на Архиепископот Стефан за српски медиуми откако лани МПЦ-ОА прво беше вратена во канонско единство од Всленската патријаршија, а подоцна СПЦ издаде и Томос. Поглаварот на МПЦ-ОА во овој период даде и интервју за грчки медиуми, но досега на оваа тема нема дадено интервју за македонски медиум и за домашната македонска јавност.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *