Почетна Вера МПЦ-ОА Осветена црква, мошти од Свети Димитрија, епархиско собрание, сослужување со други цркви – агенда на владиката Тимотеј во Австралија
timotej avstralija 9
timotej avstralija
timotej avstralija 1
timotej avstralija 2
timotej avstralija 3
timotej avstralija 4
timotej avstralija 7
timotej avstralija 8
timotej avstralija 9
timotej avstralija 12
timotej avstralija 13
timotej avstralija 14
timotej avstralija 15
timotej avstralija 16
timotej asvtralija 6
timotej avstralija 5
timotej avstralija 11
timotej avstralija 17

Осветена црква, мошти од Свети Димитрија, епархиско собрание, сослужување со други цркви – агенда на владиката Тимотеј во Австралија

925
1

Голема канонска посета на Митрополитот Тимотеј на Австралиско-сиднејската епархија како нејзин администратор. Владиката Томотеј од  24 октомври се наоѓа во Австралија и речиси секодневно Богослужи во речиси сите поголеми цркви на оваа епархија. Во овој педиод се одржа и Епархиско собрание, на кое биле избрани нови членови на телата и органите на Епархијата.

За цело време на канонската посета, владиката е придружуван од Игуменот Гаврил, свештеници на епархијата, но и свештеници од Дебарско-кичевската митрополија.

На 08.11 кога се слави споменот на св. вмч. Димитриј Солунски, во храмот “Св. вмч. Димитриј Солунски” во Волонгонг, Австралија, Владиката Тимотеј сослужуваше со Епископот Сиднејски и Австралиско-новозеландски Георгиј од Руската задгранична црква. Владиката Георгија за овој настан донел и мошти од светиот вмч. Димитриј Солунски кои ги подарил на храмот.

-Беа свечено донесени пред светата Литургија. Како знак на благодарност кон нашиот ценет гостин, од името на Епархијата, Митрополитот Тимотеј му подари прекрасна панагија, а управата на храмот прекрасна икона од свети Георгиј. Епископот, пак, Георгиј се заблагодари за гостопримството и му подари на нашиот Митрополит прекрасен рачен крст, велат од Епархијата.

На 12.11.2023 година, во 23 Недела по Педесетница и на празникот на св. ап. Клеопа и на св. мч- ци. Зиновиј и Зиновија, владиката Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, свештеникот Горан Божиновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот “Св. вм_чка. Недела” во Голд Кост, Квинсленд, Австралија.

Во руската задгранична црква во Австралија има и свештеници од МПЦ-ОА, кои претходно поради прогион од Владиката Петар заминаа во оваа црква, како Љупчо Двојаковски, кој во неколку настани сослужувал со владиката Тимотеј. Меѓу настаните е и оној од службата на 05 ноември во храмот “Св. Петка” во Рокдејл, Сиднеј, Австралија, каде прво бил осветен новиот престол, а потоа беше отслужена света архиерејска Литургија. На службата покрај Љупчо Двојаковски од Руската задгранична црква, сослужувал и свештеникот Ѓуро од Српската православна црква

На 01 ноември пак, на празникот на преп. Прохор Пчински, во храмот “Св. Никола” во Кабрамата, Сиднеј, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоереите Наум Деспотовски и Александар Ивановски, свештениците Игор Младеновски и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата, Митрополитот Тимотеј го произведе во протоерејски чин свештеникот Игор Младеновски.

Коментар(1)

  1. Слава на Бога за оваа голема меѓусебна љубов! Св. Великомаченик Димитриј се покажал многупати како голем чудотворен закрилник на Македонската Православна Црква, а за руското Православие што да кажеме! Непроценлив благослов се длабоките духовни врски меѓу нашите два народи. Господ се радува, а ангелите ликуваат за победата над кнезот на темнината. Христијаните се насладуваат од благоуханието на живите Светии и на Црквата Која Торжествува!!!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *