Почетна Вести Европа Молдавската црква под РПЦ се сели во Романска јуриздикција
Молдавската црква под РПЦ се сели во Романска јуриздикција

Молдавската црква под РПЦ се сели во Романска јуриздикција

547
1

Голем дел од православните парохии на Руската Православна Црква во Молдавија ја напуштија оваа јурисдикција и се приклучија на Романската православна црква, која исто така има своја јурисдикција во земјата.

Во текот на изминатата недела, тоа го направи и основачот и ректор на Кишињевската семинарска и теолошка академија, прота Вјачеслав Казак, заедно со локалната парохија. Неговиот пример го следеа уште тринаесет свештеници. Меѓу нив е и прота Андреј Ојстрих, декан на Факултетот за пастирска теологија и свештенство на Богословијата. Во блиска иднина се очекува уште педесет парохии да ја напуштат Московската патријаршија и да се приклучат на Романската црква.

Прот. Андреј Ојстрих ја мотивирал својата одлука со изјавата дека Руската црква е „маќеа“ на православните во Молдавија, како и со фактот дека сè повеќе негови парохијани имаат проблем со совеста поради активната поддршка на Руската црква за војната во Украина.

Масовниот егзодус во романската јурисдикција дојде откако минатиот месец раководството на Митрополијата на Молдавија (Московска патријаршија) расчини шест свештеници затоа што тие се префрлија во Бесарабската митрополија на романската црква. Бесарабската митрополија ја дефинира оваа одлука како канонски ништовна, бидејќи не се заснова на канонски и теолошки аргументи и ги повика сите свештеници и монаси кои се чувствуваат потиснати од руските епархии „да имаат храброст и да го напуштат ова ропство и да се вратат на традицијата и заедницата на Романската православна црква“.

Од почетокот на руската војна во Украина до овој момент, над шеесет парохии преминале од РПЦ во Романската православна црква. Новиот бран на промена на јурисдикцијата доаѓа по алармантно писмо на поглаварот на Митрополијата во Молдавија, Митрополитот Владимир до рускиот патријарх Кирил од септември годинава, што доби публицитет. Во него Владимир се жали дека Руската црква во Молдавија го губи теренот во земјата поради војната во Украина, а се повеќе свештеници и лаици се преселуваат во Романската патријаршија, привлечени од високите државни плати и другите социјални бенефиции што ги нуди романската држава . Тој вели дека по руската инвазија на Украина, Митрополијата на Молдавија, како дел од Руската православна црква, се доживува како „фронт на Кремљ“ и „поддржувач“ на војната, која го загрозува нејзиното постоење.

Во Молдавија постојат две православни цркви потчиниети на Московската Патријаршија и на Романската црква кои си го спорат канонскиот статус од 2007, кога во државата се регистрирани три епархии кон создадената по распадот на СССР Бесарабска Митрополија (РомПЦ). Необичен детал е што истата година претставници на Руската црква и Романската црква имаа средба во Тројанскиот манастир во Бугарија, во обид да се надмине тензијата предизвикана од отворањето на романските епархии во Молдавија.

Промената на јурисдикцијата во Молдавија е регулирана со закон. Сите парохии кои ја промениле својата јурисдикција добиваат регистрација и документи од Агенцијата за јавни услуги.

Во меѓувреме, стана јасно дека претседавачот на црквата „Св. Димитар“ во Кишињев о. Павел Боршевски испрати писмо до поглаварот на Молдавската Митрополија Владимир да иницира префрлање на целата црква во Молдавија во јурисдикција на Романската патријаршија. Во отвореното писмо се тврди дека ја има поддршката од мнозинството свештеници во главниот град.

/dveri.bg

Коментар(1)

  1. Повисоки плати? Голем апостолски мотив! Ќе го најдете секаде во Евангелието Христово. Па кој апостол би Го проповедал за мала плата, ви се молам? Некој некогаш кажал: ‘Никој нема поголема љубов од таа да си ја положи душата своја за своите пријатели’ (Јован 15, 13).’ Но што има да се размислува за тоа? Каде се парите таму е спокојот. Каде е спокојот таму е утехата. Додуша Христос кажал “Не секој што Ми вели ‘Господи, Господи’ ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја врши волјата на Мојот Отец Небесен” (Мат. 7, 21). Е сега, ‘Светот поминува и похотите негови, а оној што ја врши волјата Божја останува довека’ (1 Јован 2, 17). Нека не се заборави: “Проблемот, односно соблазната од злото, секогаш бил еден од изворите на атеизмот” (Архимандрит Плакида Дезеј). Ако свештеникот останал на рамниште на обичен човек кој не може да Го види Бога во искушенијата, во страдањата и во неволјите, и не може да му ја донесе Несоздадената Светлина на страдалникот, но и на секој човек во светот, а се занимава со промени на јуридикциите како следбеник на некаква кауза, по што се разликува од активистите на хуманитарните организации? Каде ја пронаоѓа духовната сила и внатрешната врска со својот Господ и Седржител,на што ја потпира реториката во Неговото Неговот Име?! Ја сфатил ли својата улога во овој свет?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *