Почетна Вести Христијанство Незаменливиот владика доби уште една функција
Незаменливиот владика доби уште една функција

Незаменливиот владика доби уште една функција

1.92K
2

Владиката Петар доби уште една функција во структурите на МПЦ-ОА. Со одлука на Синодот (работен состав, тројца членови) Преспанско-пелагонскиот митрополит Петар е назначен за потпретседател на Архиепископскиот црковен суд (АЦС), едно од четирите најважни тела на МПЦ-ОА. Одлуката е објавена во Службен весник на МПЦ-ОА.

Во АЦС по функција членува Архиепископот, кој е и претседател. Синодот на ова седница, покрај владиката Петар како потпретседател ги избрал и останатите членови (шест членови и заменици) на ова тело, меѓу кои како заменик потпретседател е избран Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф. Мандатот на кој се избрани е 4 години и трае до 2027 година.

Покрај оваа функција, Владиката петар од 1992 година е Претседател е на одделот за надворешни односи на МПЦ-ОА. Од 1994 година е  Претседател на Уставната Комисија на МПЦ-ОА,  а од 2003 година е претседател и на Комисијата за канонизација на светители во МПЦ-ОА. Во моментов е и претставник на Синодот на Православниот Богословски Факултет, Свети Климент Охридски. Член на работниот Состав на Синодот на МПЦ-ОА, а во дополнителни функции може да му се брои и администрирањето со Австралиско-новозеландската епархија.

Учеството во речиси сите овие функции во МПЦ-ОА, како и други, се хонорира, во зависност од правилниците за работа на телата.

МПЦ-ОА сега брои 18 Архиереи, од кои 14 се членови на Синодот на МПЦ-ОА, од кои 13 со право на глас, но ретко кој има толку функции во МПЦ-ОА.

Коментар(2)

  1. Мислим да су требали да поставе Николовског, ако не за председника или члана, макар за секретара Црквеног суда. Невероватно колико човек не зна ништа о Цекви. Све наведене функције владике Петра, осим сталног члана Синода и администрирања епархијом у Аустралији, су углавном “пасивне” функције које подразумевају ангажман једном или ни једном годишње. Када се то има на уму види се да је овај текст, коју показује силну фрустрацију његовог аутора, једна обична пашквила која има за циљ да макар неупућене још више дезинформише.
    Покушајте макар да се, пре писања оваквих текстова, информишете мало детаљније о теми. Овако само испаднете смешни, а поред тога показујете колико сте фрустрирани немогућношћу да својим текстовима урадитњ било шта. Само “дижете цену” владики Петру. Ово све иде њему у корист јер ко се види да је прагматичан и способан човек па је свуда и ангажован.

  2. Следно е да изберат за директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Или за претседател на Здружението на сопственици на тв компании.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *