Почетна Коментар Малите нешта од големата слика
Малите нешта од големата слика

Малите нешта од големата слика

4.60K
1

Малите нешта секогаш ја чинат големата слика, како што на пример и најмалите камчиња го прават големиот мозаик. Иако за многумина можеби се небитни и неважни, сепак и најобичните постапки што СПЦ ги прави со чинење, или со нечинење, ја дава големата слика за нејзиниот однос кон она што таа го нарекува „автокефалност на МПЦ-ОА“.

Религија.мк, многупати досега пишуваше за начинот на кој СПЦ се однесува, пред се кога известува за настани поврзани со учество на македонски владици, но никој досега од МПЦ-ОА не нејде за потребно да реагира, или пак да побара СПЦ барем и формално да го почитува тоа што го има запишано во документот што го нарекува Томос за авокефалност. Честопати за таквите написи од МПЦ-ОА тоа беше толкувано како незначајни, ненамерни пропусти.

Овој пат Религија.мк открива уште неколку, мали, веројатно за некој „незначајни и ненамерни пропусти“. Но тие во суштина се токму суштината за односот на СПЦ кон МПЦ-ОА.

Српската црква има две официјани интернет страници, редовно, секојдневно ажурирани и тие страници се нејзината слика во православниот свет.

Едната е спц.рс, која е основата и втората е страницата за информации на СПЦ –„Православље – Новине српске патријаршије“.

На тие две страници има подкатегорија „линкови“ каде се поместени линкови од нејзинте епархии, но и линкови од делот помесни православни цркви. На страницата каде се линковите за епархиите се уште стои линк од Православна охридска архиепископија, како автономна црква во СПЦ.

Но, она што е интерсно е делот за помесни православни цркви. Таму уредно како по диптих се наредени сите автокефални црки, но списокот завршува со Црквата на Чешка и Словачка. На тој список ја нема МПЦ-ОА.

Но, тоа не е се. СПЦ својот сајт го има разглобено на неколку категирии од кои една е „Вести од помесните православни цркви“. Тоа е категорија каде редовно се ажурираат информации за сите помесни автокефални цркви. Тука ќе најдете вести речиси секојдневно за настани од поголемо, или помало знчење од сите цркви, од Вселенската патријаршија, па се до најмалата Полска православна црква. Ќе најдете секакви информации, но нема да најдете ниту една вест за нешто што се случило во МПЦ-ОА од јуни 2022 година.

На сајтот на СПЦ има и категприја „Од животот на црквата“ и тоа е најредовно ажурираниот дел каде се споделуваат информации од секојдневните активности на СПЦ и нејзините епархии. Чудно но во оваа категирија ќе ги најдете и сите настани поврзани со МПЦ-ОА, а во кои учествувале српски или македонски владици.

На што укажуваат овие мали, но значајни детали?

Ако официјално прашате во СПЦ, нема сомнеж дека ќе добиете одговор дека станува збор за „ненамерни пропусти“. Во ред. И навистина тоа да е така, тоа укажува на уште посериозен проблем. Решавањето на едно истирско прашање, како што беше спорот СПЦ-МПЦ само по себе е нешто што има тежина и важност и на таа тежина и важност едноставно е невозможно некој да не и посвети внимание, особено што еве поминаа повеќе од година и шест месеци. Но некој ако едноставно во СПЦ смета дека ова е навистина „ненамерен пропуст“, тогаш тоа навистина зборува за неговиот одност кој едно вакво прашање. Тоа индиректно, но и директно открива дека за СПЦ тоа и не е некое важно прашање, едноставно не е така пецепирано.

Но, тоа што за СПЦ не е важно, не значи дека и за МПЦ-ОА не треба да биде важно. Во година и половина некој во МПЦ-ОА требало да ги согледа сите овие „ненамерни пропусти“ и на нив да реагира. Секако ако и за МПЦ-ОА ова прашање е од историско значење. Ако не е… тогаш се си е во ред…  Токму како што веројатно и замислувале во СПЦ…

Коментар(1)

  1. Македонската Православна Црква со децении (а и претходно со векови) живее потпирајќи се на Љубовта Божја. Ако некој друг (друга Помесна Црква) се сфаќа себеси како политичко-комерцијален проект, тоа е неговата идеја за остварување на неговото сведоштво на Вера. Ако дволичноста ја сфаќа како пат до Царството Божјо, се знае каде ќе го одведе тој пат. Борбата против ‘Мерзоста на запустението на свето место’ не е просто критикување на некакви западни конфесии и евроатлантски политички концепти. Таа борба православните ја водат прво во својот микрокосмос, преку лично-соборниот подвиг на покајание и аскетско-благодатна преобразба се’ до активно учество во Планот Божји (со можност на верните слуги кои во малку биленверни а над многу биле поставени – Мат. 25, 23, а тука секако не се мисли на некакви пишани јурисдикции, со оглед дека и Христос ниеднаш во животот не доби ниедна друга пишана јурисдикција освен спонтаниот епитаф ‘Царот Израилев’ се знае на каква власт се мисли), а дури потоа вистинските христијани (во отсуство на конкретен успех) со громогласни протести вперуваат прст во “другите” и номинално “понепросветлените”. Барем во црковната политика зборот ваш да биде ‘да-да’ и ‘не-не’, чисто од почит кон Христос Кој рекол дека се’ што е повеќе од лукавиот е (Мат. 5, 37). Значи, Цркво наша убава Македонска, врви си по својот добро познат пат и не заборавај Го Оној Кој ги знае делата твои и нема да те остави довека.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *