Патријархот Порфириј упати силна порака од Бања Лука, Р. Српска до соседните народи и заедници за отфрлање на омразата и на насилството, потенцирајќи дека само со меѓусебно почитување и соработка може да се гради траен и вистински мир.
Во своето обраќање по повод крсната страна на ентитетот – свети Стефан, поглаварот на Српската православна црква истакна дека историските тензии и конфликти во регионот оставаат длабоки траги, но дека христијанската порака подразбира дека одговорот на раздорот не може да биде ново насилство или нетрпеливост. Наместо тоа, порача тој, е нужно да се поддржува култура на мир, разбирање и прошка.
Патријархот подвлече дека црквата треба да биде место и чинител на мир, а не извор на поделби. Тој говореше за важноста на заедничкиот живот, дијалогот и сочувството кон сите, без оглед на етничката или верскатаприпадност, нагласувајќи дека омразата само продолжува да создава болка и раздор.
Во обраќањето, патријархот Порфириј исто така го потенцираше значењето на меѓусебното признание и соработка, како предуслов за развој и благосостојба на сите народи во регионот. Според него, токму отворањето кон дијалог и почитувањето на различностите е вистинскиот пат кон заедничка иднина.

