Почетна Вести Папата се„крсти“ во Путин за спас на Христијаните
Папата се„крсти“ во Путин за спас на Христијаните

Папата се„крсти“ во Путин за спас на Христијаните

646
0

Претстојната средба на папата Франциск и Рускиот патријарх Кирил не е само историска, туку од неа корист може да имаат христијаните низ целиот свет, пишува францускиот весник „Журнал д диманш“. Весникот потенцира дека во обид да ги одбрани христијаните на Блискиот Исток и другите делови од светот каде што тие прогонувани, Папата се потпира на помош од рускиот претседател Владимир Путин..

Тој бил „единствениот со кој католичката црква може да се обедини во одбрана на христијаните на истокот“, пишува францускиот весник, пренесувајќи став на Римокатоличкиот поглавар

-Важно е да се придружиме на напорите на Русија за да го сочуваме христијанството во сите делови од светот каде што е загрозено“, изјави папата Франциск, надевајќи се дека со помош на Путин ќе стигне до сирискиот претседател Башар Ал Асад, иранскиот лидер Хасан Рохани, па дури и до кинеските власти и ќе се разработи план за помош на христијаните на тие простори.

Пекинг и Ватикан никогаш немале официјални дипломатски односи, но папата за францускиот весник изјави дека се надева дека ќе дојде до контакт.

Папата Франциско ќе се сретне со рускиот патријарх Кирил во петок, 12 февруари. Тоа ќе биде прва средба, по големиот раскол на Христијанската црква  1054 година, на еден Папа со Патријарх од „Третиот Рим“, како што ја нарекуваат „Црковна Москва“

Средбата ќе се одржи на Куба, на аеродромот во Хавана, каде папата и патријархот ќе разговараат, а подоцна ќе потпишат и заедничка изјава.

Вчера и белградскиот доктор по социолошки науки, Зоран Милошевиќ, изјави дека токму Рускиот претседател, Владимир Путин е оној што ја подготвил средбата помеѓу Рускиот патријарх Кирил и Папата Франциск.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *