Папата Лав XIV поканет да учествува во иницијатива за мир на Доналд Трамп

Date:

Share post:

Папата Лав XIV е меѓу светските лидери кои добиле покана да учествуваат во иницијативата „Совет за мир во Газа“, најавена од американскиот претседател Доналд Трамп. Ова го потврди државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, во изјава за новинарите.

Кардиналот Паролин соопшти дека поканата официјално е примена и дека моментално се разгледува. Тој истакна дека станува збор за сериозно прашање кое бара внимателна проценка: „Мислам дека прочитав во весник утрово дека и Италија размислува дали да се придружи или не. И Папата ја прими и размислуваме што да правиме.“ Зборувајќи за иницијативата, кардиналот рече дека Светата столица нема да учествува финансиски. „Верувам дека барањето нема да биде за економско учество“, додаде Паролин.

Папата Лав XIV, првиот американски папа во историјата на Римокатоличката црква, во минатото јавно критикуваше одредени политики на администрацијата на Доналд Трамп. Поради тоа, како што нагласи Паролин, евентуалното учество на папата во оваа иницијатива не може да се смета за формалност.

„Советот за мир во Газа“ првично беше претставен како иницијатива насочена кон војната во Газа, но подоцна беше најавено дека неговиот опфат ќе биде проширен, со цел посредување во повеќе меѓународни конфликти. Според дипломатски извори, неколку држави веќе ја прифатиле поканата, додека други изразиле резерви, предупредувајќи дека ваквиот формат би можел да ја поткопа улогата на Обединетите нации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here