
268
0
Папата Франциск одлучи да ги отвори тајните архиви на Ватикан кои се однесуваат на периодот од Втората светска војна кога врховeн поглавар бил Пије XII, пренесува агенцијата „Ројтерс“ и додава дека тоа е нешто кое Евреите со децении го барале од поглаварите на Римокатоличката црква.
Агенцијата наведува дека некои Евреи го обвинуваат Пије XII, кој бил папа од 1939 до 1958 година, дека не ги користел сите можни начини за да му се спротивстави на холокаустот.
Сепак, Ватикан тврди дека папата Пије XII работел тајно, зад отворената јавна сцена, за да ги спаси Евреите.
„Архивите ќе бидат отворени на 2 март 2020 година“, рече папата Франциск.
/makfax