Почетна Вести Регион Папата Франциск во посета и на прифатниот центар за бегалци и мигранти на Лезбос
Папата Франциск во посета и на прифатниот центар за бегалци и мигранти на Лезбос

Папата Франциск во посета и на прифатниот центар за бегалци и мигранти на Лезбос

65
0

Повторно сум тука, да ве сретнам и да Ве уверам за мојата блискост. Ова го кажувам од срце. Тука сум да ги видам вашите лица и да погледнам во вашите очи, очи полни со страв и очекување, очи кои виделе насилство и сиромаштија, очи врежани од премногу солзи, рече папата Франциск на почетокот од неговото обраќање во прифатниот центар за бегалци и мигранти на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

Поглаварот на римокатоличката црква за време на неговата посета на Грција, утрово одвои неколку часа за да замине за Лезбос придружуван од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Папата ги поздрави бегалците и мигрантите, имаше куси дијалози со нив, а во обраќањето се потсети на посетата на островот пред пет години заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и грчкиот архиепископ Јеронимос, забележа мали промени во однос на мигрантското прашање, кое го спореди со пандемијата, велејќи дека е „светски проблем, хуманитарна криза што се однесува на сите“.

Пaпата порача дека пред сѐ, ако сакаме да почнеме одново, треба „да ги погледнеме лицата на децата“, кои нѐ прашуваат: „Каков свет сакате да ни дадете?“.

–Да не се оттргнеме набрзина од шокантните слики на нивните ситни тела кои безживотно лежат на плажите. медитеранот, кој со милениуми обединуваше различни народи и далечни земји, станува мрачни гробишта без надгробни споменици. Овој голем воден слив, лулка на толку многу цивилизации, сега изгледа како огледало на смртта. Да не дозволиме „нашето море“ (mare nostrum) да се претвори во пусто „море на смртта“ (mare mortuum). Да не дозволиме ова место на сретнување да стане театар на конфликти. Да не дозволиме ова „море на спомени“ да се претвори во „море на заборавот“. браќа и сестри, ве молам, да го запреме овој бродолом на цивилизацијата, порача Папата.

Пред неговото обраќање, говореше 30-годишен бегалец од Конго, сместен на островот, кој ја раскажа неговата животна приказна, додека пак грчката претседателка Катерина Сакеларопулу порача дека „Грција крена несразмерна тежина од мигрантската и бегалската криза“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *