Папата Франциск бара ватиканските официјални лица да живеат скромно

Date:

Share post:

Папата Франциск побара денеска од ватиканските официјални лица и бискупи ширум светот да живеат едноставен живот и да се откажат од каква било желба за моќ откако ќе се повлечат од високи функции.

Се поголем број ватикански официјални лица се критикувани во изминатите години бидејќи задржувале луксузни станови и барале полициска заштита по престанување на функција.

Папата Франциск сам се откажа од од пространиот апартман и живее во еднособен стан во ватиканската куќа за гости.

Папата ја даде изјавата по повод новиот црковен закон што е познат како Motu Proprio на латински, односно „учење за поднесување оставка“ кој сам го иницираше.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img